08 Декември, 2025
0.0538

Совети како најдобро да ги негувате очите

Објавено во: Стил 25 Септември, 2014 15:18

Добивај вести на Viber

Кожата околу  очите е многу нежна и чувствителна, и бара големо внимание во текот на целиот живот. без разлика на  годишното време,постојат едноставни совети по кои би било добро да се придржуваме за да ја сочуваме кожата  околу очите.За отстранување на  подочници, без разлика колку години имате,потребно е да спиете најмалку седум до осум часа секоја ноќ. Спиење со благо подигната глава помага во борба  против, гравитацијата. која предизвикува собирање течност во подочниците кои вообичаено се потемни од другите делови на лицето.

Редовно треба да се употребува крема за деловите околу очите така што кожата би била хидрирана. Кога нанесувате крема или шминка околу очите, треба нежно да втривате со кружни движења. За кожата околу очите ви биде секогаш мека и без подочници треба да натопите памук со ладно млеко и да го ставите на затворени очи и го оставате да постои неколку минути. Потоа треба малку да се опуштите.

Исто така за опуштање на мускулите на очите ќе ви помогне и добро измиен компир изрендан со лушпата , кој го нанесувате на затворени капаци. Смесата ја држите дваесет минути .Исто така за намалување на подочниците е добро да ставите кругови од краставица.

Наутро кога ќе станете ако очите ви се црвени и отечени земете коцка мраз и поминете неколку пати околу очите .Исто така  камилицата уште одамна е позната како средство за опуштање и намалување на отоците на очите.натопете памук во претходно сварен и оладен чај од камилица и нанесете го на затворени очи, така можете да мирувате до половина час. Со овие третмани секогаш ќе се чувствувате многу поопуштено.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер