Советник на Чулев е позитивен на Ковид - 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска соопшти дека негов советник е позитивен на Ковид -19.
Од МВР информираат дека советникот не се заразил додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.
На работа лицето последен пат било на втори јуни, а тестот му е направен на 6 јуни. Со Чулев последен пат се виделе на 24 мај.
Нема ниту едно лице од Кабинетот на министерот во изолација во моментов. МВР ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени.
Во Македонија и денеска има висока бројка на заразени.
Во последните 24 часа се регистирани 125 нови случаи на заразени, а 7 луѓе починаа.
Вчера е донесена одлука во општините каде има поголем број заразени, да има засилени контроли.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.