СОВЕТНИК ОД ЛЕВИЦА ТВРДИ: Вработена во ПОЦ е избркана од работа затоа што сакала да наплати паркинг на партиски моќник
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2022
Советникот во општина Центар од партијата Левица, Игор Димески, преку својот твитер профил обвинува дека првата одлука на новиот УО на Паркинзи на Општина Центар бил бркање од работа на вработена која сакала да наплати паркинг на некој партиски моќник.
Тој и се обратил со зборовите - ќе видиш ти кој сум јас.
„Првата одлука на новиот управен одбор на ПОЦ е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување, три гласа ЗА од СДСМ и два гласа Против од Левица и Шанса за општина Центар. Избркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со ‚ќе видиш ти кој сум јас' Па да видиме кој е тој!“, напишал на Твитер советникот Игор Димески од Левица.