17 Мај, 2024
0.0285

СОВЕТНИКОТ НА ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР ЗА „ФАКТОР“: Сите важни работи треба да ги направите сами!

Објавено во: Балкан 11 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Колумнистот на “Вечерњи лист“ Давор Хуич стана специјален советник за внaтрешна политика на премиерот Тихомир Орешковиќ. Хуич, кој на хрватската јавност и е познат како експерт – поборник за транспарентност во јавните трошења, неодамна даде ексклузивно интервју за “Фактор“ во кое зборува за евроинтегративниот процес на Хрватска, но и што доби и што загуби земјата со членство во Европската Унија. “Никој друг не може да ги направи работите наместо вас, па не и европската бирократија. Сите важни работи треба да ги направите самите вие“, порача Хуич во интервјуто за “Фактор“. Од истакнат колумнист и поборник за штедење – до советник во премиерски кабинет.. Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ доби уште еден советник, сега за внатрешна политика, колумнистот Давор Хуич. “Колумнистот Давор Хуич беше назначен за специјален советник на премиерот Тихомир Орешковиќ за внатрешна политика. Пред него, советник на Орешковиќ за надворешна политика стана Стјепо Бартулица. Хуич е поранешен новинар, воен известувач за Ројтерс, а во последните 15 години е сопственик и директор на агeнција за комуникации. Познат е како експерт за стратешки односи со јавноста, спроведување на едукативни кампањи и проблеми во медиумите“, пишува “Вечерњи лист“, анализирајќи го екипирањето на советничкиот тим на премиерот. Davor-Huic-300x292Неодамна “Фактор“ направи ексклузивно интервју со Хуич во кое тој дава оценка за општествено-економските состојби во Хрватска, која е во групата на европски економии со најнизок стандард. “Хрватите ги поминаа последните шест години во рецесија, и работите дефинитивно не тргнаа значајно кон подобро во економска смисла на зборот.  Хрватска не успеа да ги искористи сите предности и ресурси кои ги овозможува ЕУ, особено во поглед на европските фондови, а причината за тоа е oтсуството на сопствен институционален капацитет. Сепак, членоството во ЕУ  има одреден  позитивни ефекти врз самата економија. Како што реков, извозните компании профитираа, тука е и  либерализација на пазарите и елиминирање на некои форми на интервенција на владата, со што на крајот резултираше со намалување на  цената во нeкои економски сектори.  Еден илустративен пример би можел да биде на секторот на електрична енергија, каде работите во само две години се случија многу брзо, особено во форма на намалување  на цените, од една страна,  и подобрување на услугите, од друга страна,  и сетото тоа во услови на летаргични корисници  и недоволна спроведена либерализација, која се уште не постои во целосна форма на  “фер игра” на пазарот“, изјави советникот на премиерот Хуич. Кои се пораките за Македонија? Демократијата и транспарентноста се пресудни за секоја земја која сака и има намера да стане дел од европското семејство, оценува Хуиќ. Еве кои се неговите политички оценки за состојбата во земјава што ги даде во интервју за “Фактор“: ФАКТОР: Македонија се уште е во чекалната пред ЕУ. Сега постои опасност дека земјата може да ја загуби и препораки за почеток на преговорите (уште нема датум). Како ја оценувате актулената политичка ситуација во Македонија? ХУИЧ: Македонија, како и повеќето од балканските земји, страда од недостаток на развиени институции, кои се олицетворение за развиените демократски држави. Последните случувања поврзани со  прислушување од страна на владата, како и прекумерното трошење на популистички проекти и проширувањето на етничките тензии.  Сите овие приказни се познати овде во Хрватска. Сепак, ние  направивме неколку чекори кон напред, но најмалку поради притисокот од  Европската унија и поради одлуките на сите релевантни партии дека не постои алтернатива освен влез во европското семејство. Македонија треба да очекува дека  ЕУ во нејзиниот случај, ќе биде многу строга, особено во областа на изборната постапка, транспарентноста во јавните набавки,  финансирањето на партиите, и така натаму. Политичарите во Хрватска беа исклучително мотивиран од визијата за себе како луѓе кои конечно ќе ја внесат земјата во ЕУ, што пак даде мотивација потребно за спроведување на  работи кои инаку веројатно не би се случиле. ФАКТОР: Дали и како Македонија би можела да излезе од длабоката политичка криза, која многу аналитичари веруваат дека е логична последица на  авторитарен режим? davor 6ХУИЧ: Тешко е и неблагодарена е  задача да се даде проценки за иднината на некоја земја. Но доколку нема некои  големи геополитички случувања, Македонија може да очекува тежок и макотрпен процес, кој е често премногу бавен за граѓаните. Важно е да се биде трпелив но и да не се прават  притисоци врз јавната потрошувачка надвор од границите на реалните можности, зошто во  спротивно ве чека грчкото сценарио. Сето ова е тешко е да се објасни на граѓаните, но не постои бариера  за просперитет и благосостојба – ова се постигнува само преку напорна работа. ФАКТОР: Европска иднина која има висока цена – дали вреди влогот за влез во ЕУ? ХУИЧ: Мислам дека е очигледно, од одговорите што досега ги дадов за тоа  каква улога има пристапувањето  во ЕУ, и секако дека оценката генерално е позитивна. Помошта, која  во форма на ресурси и експертиза, се нуди  од ЕУ може да биде многу корисна. Но, на крајот, секогаш  политичка елита е таа  што води земјата, и содветно на тоа испорачува позитивни или негативни резултати. Пристапувањето во ЕУ е од несомнено е од корист, и во однос на ова прашање  е добро да се има јасна  национална цел, но во исто време треба да бидеме реални и да не се  очекуваат чуда. Никој  друг не може да ги направи работите наместо вас, па не и европската бирократија. Сите важни работи треба да ги направите самите вие. Инаку сегашниот советник на премиерот на Хрватска, во последните две години го привлече вниманието на јавноста поради неговата посветеност на реформите, вклучувајќи ја и реформата на јавниот сектор, фискалната консолидација и намалување на данокот и регулаторниот товар врз бизнисот. Тој е и сосновач и извршен директор на Здружението на даночни обврзници “Липа“, кое се залага за намалување на даночното оптоварување но и за ефикасна јавна администрација, со постојано анализирање на растечкиот јавен долг, кој пак како клучно економско и политичко прашање во фокусот на новата влада. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години