Добивај вести на Viber
Градскиот совет одлучи- ќе се реконструираат фасадите во централното градско подрачје. Според планот обновата ќе започне прво за кулите во ГТЦ, потоа кај плоштадот „Карпошово востание“. Исто така ќе се реновираат фасадите по булеварот „Илинден“, од Владата до фонтаната кај Градскиот парк.
Денеска реагираше опозицијата во Советот на Град Скопје. Оттаму побараа да се запре со преслекувањето зградите и да се спаси старото и репрезентативно Скопје. За тоа колку колку ќе чини проектот, ќе се утврдува дополнително.