19 Декември, 2025
0.0405

СОВЕТУВАМЕ: Земете повеќе пари ако одите на грчките плажи!

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2015 09:18

Добивај вести на Viber

Во последните недели туристите често го прашуваат менаџерот на грчко одморалиште Костас Димитрокалис за нешто што е запоставено во ерата на онлајн плаќања и кредитните картички - сигурни хотелски сефови во кои да ги остават своите пари. "Клиентите сакаат да се сигурни дека ако нешто се случи, ќе имаат средства", коментира Димитрокалис кој го раководи синџирот KD Hotels со шест одморалишта на островот Санторини. "Тие доаѓаат со повеќе пари". Да им помага на туристите да се одмараат лесно е нешто со кое Димитрокалис може да се соочи. Повеќе загрижувачко за него е што ќе се случи, ако тие всушност не пристигнат во Грција. Иако сите негови хотели се полни во моментов, Димитрокалис тврди дека резервациите за следните месеци се малку поради финансиската нестабилност на земјата. Тоа се чувствува и од целата грчка туристичка индустрија. Здружението на грчките туристички компании, кое минатиот месец изјави дека годината почна силно, оваа недела одби да го коментира можното влијание на преговорите на владата со доверителите, бидејќи "ситуацијата е многу несигурна". Земјата мора да изврши исплати на Меѓународниот монетарен фонд, а до 30 јуни треба да постигне договор со доверителите. Ако тоа не се случи, дел од туристите најверојатно ќе ги стават под прашање патувањата, во момент во кој хотелиерите, сопствениците на ресторани и бродови го очекуваат врвот на туристичката сезона. Економски ефект Туризмот носи 17% од БДП на Грција, што значи дека доцнењето ќе влијае многу лошо на економијата. Пред да се разгори последниот спор за финансирањето, земјата очекуваше рекордна година во однос на бројот на посетители, а во првиот квартал на годината тие се зголемија за 46% до 1,73 милиони лица, покажуваат податоците на Централната банка на Грција. TUI AG, најголемиот европски туроператор, изјави дека има спорадични запишувања на туристи поради можноста кризата во земјата да влијае на одморот. Tomas Cook Group пак тврди дека се уште ужива силна побарувачката на патувања до земјата. И двете компании тврдат дека патувањата нема да бидат погодени, бидејќи тие продаваат туристички пакети на своите клиенти. Совет на експертите кон туристите, кои се одлучиле да одат кон Грција, е да го следат развојот на случајот и да имаат доволно средства со кои да добијат дополнително 3-4 дена за секој случај, тврди Дејвид Свон, портпарол на Travelex. Обработка: К.К.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен