22 Ноември, 2024
0.0349

Поинаква дефиниција за шопинг, забава и разонода: Ист Гејт Мол-регионален центар со светски брендови

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Ист Гејт Мол наговестува ново освежување за Скопје, но и за целата земја, преку понуда на уникатно шопинг искуство за посетителите и за уживателите во добрата храна.

Преку внимателно одбрани 250 брендови, трговскиот центар ќе создаде поинаква дефиниција за шопинг, забава и разонода.

Повеќе од три години тимот на Ист Гејт Мол и “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ работеше на дистинктивниот микс од брендови кој ќе ја разбранува јавноста и со сигурност ќе ги заинтригира потенцијалните потрошувачи. Водени од премисата дека луѓето имаат сè помалку време на располагање и преферираат да имаат комплетна услуга на едно место, трговскиот центар ќе понуди продавници за облека, обувки, храна, но и голем број на услужни дејности, лоцирани на едно место.

Во моментов, на само два месеци од отворањето, 95% од вкупната површина за изнајмување која изнесува 57.000 м2 е веќе издадена на локални и интернационални брендови.

Тимот на Cushman&Wakefield/FortonMKA

Отворањето на трговскиот центар на средината на месец Октомври се ближи. Дознаваме повеќе за  процесот на планирање на содржините, миксот на закупци и процесот на издавање на Ист Гејт Мол низ призма на извршниот директор г-дин Игор Давков и извршниот директор на ексклузивниот лизинг агент “Cushman&Wakefield/FortonMKA“, Влатко Богоевски.

Игор Давков

Г–дин Давков, веќе се најави дека East Gate Mall ќе биде ново искуство што градот го заслужува. Според Вас што е она што молот ќе го понуди, а ќе биде сосема поинакво од досега виденото?

Ист Гејт Мол ќе се рангира како прв избор на посетителите по големината, содржините, искуството, но пред се поради доживувањето што следи при посетата на овој центар.Ист Гејт е мол од најновата генерација, со добро концепирани и разновидни содржини дизајнирани за да ги привлече сите генерациски групи.  Денес центрите освен за купување, се добро познато место за излегување и забава. Оттука, трговскиот центар нуди широк избор на мода и уникатни брендови, хипер маркет, салони за мебел и бела техника услуги, игротека, 8 кино сали, 7 фини ресторани, модерни кафетерии, оддел за брза храна со 800 места, , и ќе биде единствен мол со опкружување од зелени паркови кои чинат површина од 12,000м2.

Во профилирање на понудата на брендови и воопшто концептот на застапеност во просторот во East Gate Mall се одлучивте за професионален пристап, ангажирајќи специјализирана лизинг агенција. Колку тоа ви помогна да создадете единствен микс од брендови од секоја област по што ќе бидете препознаени во градот па и пошироко во регионот?

Ангажирањето на ,,Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ со ексклузивитет на официјална лизинг агенција, ни ја даде соодветната методологија и експертиза која ни беше потребна за да завршиме волку комплексен проект, за релативно кратко време. Тимот на искусни професионалци кои наменски го сочини ,,Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ ни помогна да го дефинираме бараниот микс на содржини, и да ги реализираме сите активности поврзани со истражување, снекирање, скаутинг, контактирање и преговори со секој закупец. Обемот на 250 трговски марки е навистина комплексен, а лизинг индустријата има свои специфики. Ист Гејт Мол направи добра одлука со ангажманот на ,,Cushman&Wakefield/FORTONMKA“, а резултатот е видлив: имаме уникатни водечки марки, нови брендови, 95% закупеност.

Претставува ли голем предизвик да се биде Извршен директор на еден ваков грандиозен проект и дали повторно во некое друго време и на некое друго место би ја прифатиле истата улога?

Мојот најголем предизвик. Скопје Ист Гејт е најкомплексниот проект во мојата кариера, во кој бев вклучен од самиот почеток и за кој ги правев почетните анализи. Сѐ почна со пет бројки на еден лист хартија, а сега е реалност. Имајќи предвид дека  бев инволвиран во целиот процес од самиот почеток, како и од претходното работно искуство акционерите одлучија да ми ја доверат должноста да го менаџирам проектот – за што сум многу благодарен. Ова е навистина уникатен проект за еден ваков мал пазар. Истата улога би ја прифатил за истите акционери, во секое време и место.

Разговараме со Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

Дали за вас како извршен директор на ,,Cushman&Wakefield/FORTONMKA“, ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол беше голем предизвик да прифатите да бидете дел од процесот на создавање на еден нов трговски центар за кој се постави задачата да биде новото досега невидено шопинг искуство за градот па и за државата?

Влатко Богоевски: Беше вистински професионален предизвик да се создаде стратегијата за изнајмување на Ист Гејт Мол. Како прв чекор од стратегијата направивме темелно истражување на навиките на потрошувачите и трендовите на локалниот пазар и вложивме огромен напор за привлекување на нови брендови на пазарот. Ги разгледавме тенденциите во регионот, но и пошироко во Европа и создадовме соодветен микс на закупци кој го рефлектира најдоброто шопинг искуство за посетителите, нагласувајќи ја различноста во категориите мода, забава, рекреација, услуги.Ист Гејт Мол е трговски центар на новата генерација кој нуди микс од брендови, исполнувајќи ги потребите на широка целна група, опфаќајќи ја не само нашата земја, туку и соседите од Косово и Србија. Целта беше да се привлечат нови брендови како полската модна групација „LPP SA“ заедно со своите пет брендови „Reserved“, „House“, „Cropp“, „Mohito“, „Sinsay“, потоа „Zara Home“ и „Oysho“ од групацијата Индитекс, како и модни марки кои за прв пат влегуваат на македонскиот пазар меѓу кои XYZ, Armani Exchange, Twinset, Partrizia Pepe, DeFacto и други. Неминовно е да се потенцира дека посебен акцент и поддршка дадовме и на локалните брендови кои навистина имаат што да понудат, така што 23% од сите закупци се македонски локални брендови.

Во што точно се состои работата на една специјализирана лизинг агенција пред која стои сериозна задача да создаде единствен микс на брендови и автентична концепција на еден толку голем простор како што е East Gate Mall?

Влатко Богоевски: “Cushman&Wakefield/FortonMKA“ е независно поседувана и управувана компанија, членка на “Cushman&Wakefield“ – најголемата приватна консултантска компанија за недвижности.  Во своето тринаесетгодишно искуство на пазарот во Македонија, имавме прилика да работиме на големи проекти и со голем број на локални трговци во секторот за малопродажба.Сè  започнува со анализи на трендовите и преференциите на клиентите врз основа на кои потоа се создава стратегија. Стратегија која постојано се следи и доколку е потребно – надградува. Стратегија која мора да биде исклучителна и квалитетна. На почетокот на проектот патувавме и се среќававме со многу претставници на светски трговски марки, за на крај да креираме микс кој ја отсликува најдобрата понуда согласно одбраните индикатори. Потребно е да се потенцира дека заедно со инвеститорот на Ист Гејт Мол и архитектите континуирано работевме на соодветен распоред на закупците во согласност со очекувањата и преференците на потрошувачите, на најефикасен и најефективен начин.

Како лизинг агенција имате богато портфолио на соработка со закупци и закуподавачи. Што е она што во соработката со East Gate Mall ве прави особено горди од аспект на сработеното?

Влатко Богоевски: ФортонМКА нуди широк спектар на услуги за комерцијални недвижности. Сработеното досега покажува дека квалитетот вклучува тимска работа, трпение, но пред сè експертиза.  Да се работи на проект од толку голем размер како Ист Гејт Мол претставува особена чест и задоволство. Ние имаме посебен тим кој работи ексклузивно на издавањето на Ист Гејт Мол, почнувајќи од креирање стратегија, буџетирање па сè до имплементација – преговарање и затворање на Договори за закуп. Последните три години беа навистина динамични имајќи ги предвид околностите, но сепак сме сигурни дека финалниот производ ќе биде уникатен и прифатен од сите бидејќи трговскиот центар ќе стане едно обележје на градот, државата и ќе се истакне како еден од најдобрите молови на пазарот со над 95% издаденост на отворањето, а за нас како ФортонМКА нема поголем успех од работењето на ваков успешен проект.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ТОШКОВСКИ: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство

ТОШКОВСКИ: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство