25 Април, 2025
0.0351

Спахиу реизбран за поглавар на Албанската муслиманска заедница - верниците незадоволни протестираат пред Медресето

Објавено во: Балкан 02 Март, 2024 15:00

Добивај вести на Viber

За поглавар на Албанската муслиманска заедница (МВЗ) на денешната седница на Претседателството на заедницата е реизбран Бујар Спахиу, кој на оваа функција беше во изминатите пет години.

За негов повторен избор гласале 82 од 92 членови на претседателството. Неговите противкандидати, Едуард Шефки и Емиријан Ветај, добиле по три гласа, додека четири ливчиња биле неважечки.

Во заедницата веќе подолг период присутна е поделбата, со обвинувања на дел од имамите но и верниците дека раководството е поврзано со организацијата на Фетула Ѓулен, која Турција ја смета за терористичка. Дел од нив незадоволството го изразија со протест пред Медресето додека се одржуваше изборниот процес за именување на нов поглавар.

- Опасноста од ѓуленистите за Албанија е преголема, бидејќи во некои земји во светот организацијата „Фето“ е прогласена за терористичка организација а кај нас нејзини приврзаници ја раководат заедницата, обвинија учесниците на протестот, држејќи транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Легитимитет на МВЗ“, „Ѓуленистите да си заминат од раководството на МВЗ“.

Претходно, барање за „исчистување на остатокот на ова организација во Албанија“ од премиерот Еди Рама побара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на посетата на Анкара, на 20 минатиот месец.

Истото барање го постави и шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, при неговата посета на Тирана на 29 јануари, кој според медиуми, уште му предочил на неговиот албански колега, Игли Хасани, дека раководството на МВЗ е поврзано со т.н. организација „Фето“, поради што и не го посетил седиштето на заедницата.

Според експертите од областа на верските прашања во ова земја од „880 џамии дури 600 се раководени од „ѓуленисти“. 

Фото и извор: МИА

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот