18 Јануари, 2025
0.0320

Спасов нема свој автомобил, има државни пет!

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Дополнителниот заменик министер Диме Спасов во својот анкетен лист нема пријавено возило на свое име, но затоа на располагање имал дури пет возила од Агенцијата за вработување. Од оваа институција не обелоденуваат кои други возила на Спасов му стоеле на располагање.

Луксузниот џип „Туарег“ со кој Диме Спасов учествуваше во сообраќајниот инцидент пред неколку дена, Агенцијата за вработување го добила од Владата. При тоа велат дека џипот не бил купен со државни пари, туку тоа било запленето возило.

Имаме сознанија дека ова возило претходно било стекнато во државна сопственост од Агенцијата за управување со одземен имот“велат од Агенцијата за вработување.

Туарегот со кој се возел Спасов, немал ГПС уреди, односно такви уреди имало само за возилата што Агенцијата за вработување ги добила од ЕУ.

„Агенцијата за вработување согласно организираната транспарентна јавна набавка обезбеди 20 ГПС само за возилата кои што се добиени како резултат на соработката со Европската Унија,а што се однесува до сите останати возила во сопственост на Агенцијата нивното располагање е регулирано со правилата пропишани за таа намена, велат од Агенцијата за вработување.

Но, како дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов добивал согласност да го управува Туарегот, но и други возила на Агенцијата за вработување? Првиот човек на оваа институција Влатко Поповски, се правда дека  тој издал соодветни овластувања за користење и управување со возилата, но сепак иако ги баравме таквите овластувања тие не ни беа доставени, ниту пак имаше одговор, дали Поповски дал дозвола службените возила да се користат во ноќни часови надвор од работното време, но и дали Спасов можел да ги користи возилата за приватни цели.

„Во октомври 2015 година меѓу Mинистерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен Договорза меѓусебна соработка, со кој Агенцијата за вработување на Република Македонија на Министерството за труд и социјална политика муобезбедува технички услови за остварување на целите на Договорот, под што се подразбира и временоотстапување нарасположливи ствари, меѓу кои имоменталнорасположливи службени моторни возила (освен оние возила кои се донација од ЕУ). За користење и управување со овие возила на Агенцијата, Директорот издал и соодветни Овластувања, “ велат од Агенцијата за вработување.

Сепак, со сосема спротивно тврдење излезе министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. Таа тврди дека не е точно оти возилата на Агенцијата за врабтување со некаков договор се дадени на користење на министерството за труд и социјална политика.

„Возилата кои ги обелоденивме во јавноста не се во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, ниту пак биле дадени со некаков си договор во октомври 2015 година. Хипотетички, зошто би се вратиле на користење возила на Министерствотот кои краток период пред октомври 2015 истите со одлуки на Влада, објавени во Службен весник Ви се доделени Вам? Која била потребата од носењето на тие одлуки, кои Владата ги разгледувала на седница и утврдила да Ви се доделат Вам?”, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Ременски најави кривични пријави за слоупотреба на службена должност, а Поповски и се закани дека доколку не се извини ќе и поднесе тужба.

Дополнителниот заменик министер Диме Спасов, по инцидентот го нема во јавност, ниту на работа. Ги избегна и новинарите кои го чекаа пред полициската станица каде даваше изјава за настанот, за кој според информациите кажал дека го бркале криминалци со албанско потекло и затоа бегал. Но, тоа отвори и многу други прашања, од тоа зошто бегал и од полицијата, зошто друг човек два часа подоцна лажно сведоел дека го возел џипот. Токму човекот кој пред полицијата тврдел дека го возел џипот, бил вработен во министерството за труд и социјлана политика, и веднаш по настанот заминал на боледување.  

Спасов од полициската станица на новинарите им избега со Пасат со затемнети стакла, за кој не се знае дали е службено возило на Агенцијата за вработување, со оглед дека министерката Ременски, посочи дека Спасов, на располагање  имал уште неколку други возила меѓу кои и Пасат од Агенцијата за вработување.

Наташа Стојановска 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба