17 Мај, 2024
0.0383

Спасовски: Државата не смее да биде поле од кое секој граба

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на новинарско прашање за измените и дополнувањата за Законот за минерални суровини рече дека познава уште десет оператори на кои треба да им биде одземена концесијата за геолошки експлоатации.

- Законско решение понуди решение во нормална постапка за кое ќе дискутираме сите заинтересирани. Сметавме дека треба при издавањето на договори за концесии да имаме добра направена анализа. Владата е должна да се грижи за јавниот интерес, а јас можам да набројам уште десетина концесии кои што не се почитуваат. Државата не смее да биде поле од кое секој може да граба од неа. Решенијата кои што ги нудиме, се отворени, транспарентни. и ние сме задолжени да го спроведеме тој закон. Нема никаква интенција за конфронтација со концесионерите, рече Спасовски.

Министерството за економија подолго време работеше за да се изнајде долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на заедничката прес-конференција со Спасовски рече дека државата со законските измени нема да се доведе во ризик да ги обештетува раскинувањата на концесиите.

- Сите концесионери треба да ги почитуваат елаборатотите за животна средина, а со новиот закон за минерални суровини тоа ќе може да се компензира, како што е примерот со каменоломите во Лабуниште и други локалитети. Да не биде дека ги раскинуваме еднострано како Влада, бидејќи може да изгубиме на Управен суд. Го обезбедуваме буџетот за да не плаќаме оштети какви што бараат „Еуромакс“ и „Казандол“. Во арбитражните постапки ќе победиме, нема да го оштетиме буџетот на државата, изјави Бектеши.

Со законските измени во иднина ќе се отвори можност за едностран раскин на договорот за концесија на рудниците во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија