22 Ноември, 2024
0.1219

Спасовски и Стевановски од Ранковце и Новаци најимотни новопечени градоначалници

Објавено во: Економија 04 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ е најимотниот меѓу новите градоначалници, наедно и функционери, по локалните избори 2021 - може да се заклучи по анкетните листови кои што за поголемиот дел од нив ги објави Државната комисија за спречување на корупција.

Бизнисменот и сопственик на Динамит-БС, компанија која, според она што може да се пребара, произведува месо и месни преработки со 32 вработени, добива 20.000 евра годишна дивиденда. Спасовски има земјиште со вкупна вредност од околу 160.000 евра во Ранковце, како и три деловни простории кои вредат околу 70.000 евра. Има и стан од околу 30.000 евра во Крива Паланка.

Докторот Александар Стојкоски од Ѓорче Петров нема пријавено недвижен имот како свој, но сепак како имот на родители пријавил три стана, две деловни простории, куќа и плац во вредност од 900.000 евра. Слична е и ситуацијата со Јован Топзиевски, градоначалникот на Ресен, кој за разлика од скромниот личен, пријавил богат имотен лист кај своите родители со поседување на девизни депозити од 2.442.000 денари, 2.900 евра и 4.176 канадски долари. Неговите родители имаат стан (70м2) од 100.000 евра во Скопје, две куќи од 6 и 4,3 милиони денари, градежно земјиште од 2 милиони, деловен простор од 1,7 милиони и две овошни градини од 1,5 и 1,76 милиони денари, се од ова во Ресен.

Стевче Стевановски, земјоделскиот инженер и новиот предводник на пелагониската општина Новаци, за прв пат пријавува бројки во својот анкетен лист, а тие велат дека како заеднички имот поседува деловен простор од околу 260.000 евра, градежно земјиште од 150.000 евра. од личен имот, има и куќа од 2 милиони денари.

Јовица Илиевски, новиот градоначалник на полошката општина Брвеница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пријавил 13 земјоделски плацови, од кои вредноста е позната на 11 а вкупно вредат одколу 140.000 евра. Има два стана во скопската општина Карпош, од кои на едниот од 61 квадрат не му е наведена проценката, а другиот вреди 42.500 евра и има 52 квадрати. Илиевски има и куќа во Челопек но не е наведена вредноста.

Горан Стојанов, уште еден доктор кој на локалните избори се промовира во политичар, како градоначалник на Неготино поседува куќа од 60.000 евра, лозје од 20.000 евра, а највпечатливо му е возилото Хјундаи Тускон, произведено во 2019, кое е проценето на околу 26.000 евра.

Стефче Трпковски, новиот градоначалник на Сопиште, има куќа и градежно земјиште во Долно Соње во вкупна вредност од 100.000 евра. Златко Ристов, новиот градоначалник на Конче, не ја навел вредноста на куќата, земјоделските машини, ниту на земјоделските плацеви од кои само еден е 30.000 метри квадратни.

На бизнисменот Љупчо Папазов не му се разликува премногу имотниот лист од оној кога до 2017 беше директор на кочанскиот „Водовод“. И сега како градоначалник на Кочани има куќа од 4,3 милиони денари и деловен простор од 3 милиони.

Марко Колев, градоначалникот на Велес, кој доаѓа од невладиниот и бизнис сектор, не пријавил ниту една недвижнина во анкетниот лист, како и Александар Георгиевски од Илинден, а ниту Сашко Митовски кој доаѓа од редовите на СДСМ како нов градоначалник на Крива Паланка.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто