20 Април, 2024
0.0318

Интервју со Благоја Спасовски, Директор на Службата за картички во Силк Роуд Банка

Спасовски: Картичките се користат за купување храна и пијалоци, добра опција сега е и загарантираниот поврат на готовина

Објавено во: Економија, Интервјуа 20 Декември, 2019

Добивај вести на Viber


Многу новини предводат домашните банки кога новите технологии се во прашање иако сепак, во земјава се уште дури 88 отсто од вкупните трансакции со картичките се за вадење готовина од банкомат. Трендот на промена на навиките оди бавно, иако има позитивни промени, вели Благоја Спасовски, Директор на Службата за картички во Силк Роуд Банка. Во време кога граѓаните не се одлучуват лесно за задолжување со кредитни картички или ги затвораат за поевтини потрошувачки кредити, банките воведуваат нови поволности со картичките. Силк Роуд се издвојува со познатата Твој бонус програма со направени плаќања со Американ Експрес картичките, а сега воведе загарантиран поврат на готовина и за трансакции направени со дебитна картичка, прв пат во земјава.

Во Македонија се уште граѓаните повеќе ги користат картичките за да извадат пари од банкомат, а многу помалку за плаќања на продажните места. Зошто овој процес оди бавно?

Кај нас, во право сте, според последните статистики, граѓаните се уште ги користат картичките за подигнување на готовина. Или 88 отсто од вкупните трансакции направени во државата се направени за подигнување на готовина. Од нив 55 проценти се од експозитури, а останатите 33 проценти се трансакции на подигнување готовина од банкомати. Трендот продолжува, иако може да се каже дека има позитивно придвижување во последните неколку години, односно платежните картички се повеќе се користат и за купување, за плаќање во трговијата. Според последните статистики на Народната банка, во 2008 споредено со 2017 година растот е 17 проценти, односно 49 милијарди денари. Претпоставувам дека граѓаните се посигурни кога земаат готовина, но тука како ограничувачки фактор треба да се земе в предвид и старосната структура, односно знаете голем дел од пензионерите не користат платежни картички, а сигурноста ја гледаат во банките односно на шалтерите. Сепак, секоја година се зголемува користењето на картичките во трговија и се надевам дека ќе има и позначајно зголемување. 

Кои се вашите очекувања во однос на идните трендови? Во време на забрзана дигитализација и унапредување на технологијата какви процеси треба да се очекуваат?

Фокусот на банките секако е дигитализацијата и очекувам дека банките во иднина се повеќе ќе работат на нови производи и услуги кои ќе бидат во чекор со новите трендови и во корист на граѓаните. На таков начин ќе се скрати и времето кое граѓаните го поминуваат за да доаѓаат во банките а тоа е основната цел. Овој начин на дигитализација е бавен, односно не е забрзан затоа што банките се фокусирани на запознавање на граѓаните со овие нови трендови, како и нивната безбедност, безбедноста што се очекува да ја добијат за да ги користат овие услуги. Кај нас па и во светот секаде, скоро 60 отсто од услугите кои ги дигитализираат банките се сведуваат на надоградување на мобилното банкарство. Истата ситуација е и кај нас и во банката. Најголем дел  од сите тие трендови се за подобрување на мобилната апликација. Новите технологии како што се e-wallet, односно електронски паричник оди побавно, но тоа не е само кај нас, туку и во другите земји. Односно во просек околу 27 отсто од сите клиенти на светско ниво, користат електронски паричник. Во Македонија го воведоа некои од поголемите банки, секако целта е и на СилкРоуд да го воведе. Трендот оди нагоре, но доста бавно. Граѓаните треба да се осигураат за безбедноста на користење на електронскиот паричник во случај на изгубен телефон на пример.


А кои новини вие ги воведувате?

Моментно банката направи голема надоградба на мобилното банкарство, нудиме сервис и услуги за полесно да се направат трансакциите од домот на клиентите, односно тие да не бидат во контакт со банката, што е значително олеснето во овие временски услови, кога времето им е се попотребно на граѓаните. Во тој поглед банката е фокусирана на развој на мобилното банкарство, направивме нова надградба на системот. Воведувањето на електронкиот паричник го оставивме за наредниот период, тоа е нешто што следува.

Ако се анализираат статистичките податоци на Народната банка, во време на позабрзан кредитен раст, сепак задолжувањата по основ на кредитни картички стагнираат. Зошто?

Граѓаните сакаат кредитни картички, но каматите им се повисоки, од на пример, потрошувачките кредити, па мислам дека граѓаните се свесни дека сакаат да користат повтини потрошувачки кредити и да ги затвораат картичките. Иако тој тренд не е многу впечатлив секако постои, а тоа се должи најмногу пак ќе кажам, на камтната стапка.

А како банките го затвораат тоа? Се фокусирате на нови продукти?

Да, се фокусираме на нови продукти. Силк Роуд Банка ја има Твој бонус програмата со Американ Експрес картичките која е програма стара 10 години и која функционира многу добро. Имаме намалување на каматните стапки имаме привилегирани каматни стапки за клиентите кои се во таа програма, поволности во однос на членарините за Американ Експрес картичките, односно бришење на членарините при исполнување на одредени услови. Така што имаме начини за одржување на клиентите и за привлекување нови клиенти. Во таа Твој бонус програма се вклучени и над 300 продажни места и прилично добро функционира на пазарот. Со таа клиентите при плаќање со Американ Експрес картичка можат да добијат поврат на средствата од 2 до 15 проценти и тоа на места кои граѓаните ги користат секојдневно. Ќе споменам некои од нив, Веро, Веро Џамбо, Окта, Електрометал и многу други трговци кај кои кешбек процентот се движи и над 10 отсто. Имаме блиска соработка и со Зегин каде клиентите добиваат 5 проценти поврат. Оваа програма работи и со кредитните и со дебитните Американ Експрес картички и според нашите статистики, дури 90 отсто од трансакациите кои ги прават клиентите се со овие трговци односно тие кои се во мрежата Твој Бонус. Некогаш има и кампањи за зголемување на процентот на поврат.

Според вашите искуства, сепак, каков е трендот за користењето на кредитните картички, кои луѓе најмногу користат, за што најмногу се плаќа овде.

Статистички во Македонија над 40 проценти од населението, картичките ги користи за секојдневни потреби, купување на храна и безалкохолни пијалоци. Значи за секојдневни потреби и мора да кажам дека тоа е висок процент, што од друга страна е рефлексија на економската ситуација на граѓаните. Со картичките се плаќаат и сметки, но тоа е околу 1 отсто. Останатите 43 проценти се за секојдневните потреби.

Кои се разликите од дебитна и кредитна картичка кога се вршат плаќањата?

Значителни разлики нема, но дебитните картички се поврзани со трансакциска сметка, каде клиентите секојдневно добиваат и приливи и одливи, а во зависност од договорот на клиентот со банката на таа трансакциска сметка може да има и минусен лимит. За кредитните картички се користи лимитот кој е договорен со банката кој ако се потроши  се плаќа само минимумот. Обично овие минимуми во банките се движат од 3 до 10 отсто. Во Силк Роуд банка има еден од најниските минимуми за уплата на месечниот долг, а тоа е 3 проценти. Банката дава и 50 дена грејс период. Тоа значи дека доколку се вратат средствата што се потрошени до  50 дена, банката нема да одбие камата.


Силк Роуд им ја нуди на граѓаните Американ Експрес картичката со сите поволности. Кои се тие и како функционира кеш бек поволноста?

Силк Роуд е една од првите банки која ја воведе Твој бонус програмата. Во оваа програма влегуваат трите картички на банката односно – двете кредитни картички Green и Gold,и Point дебитната картичка. Клиентите добиваат од два до 15 проценти поврат на средствата во зависност од договорот со клиентите. Секојдневно по направената трансакација го добиваат повратот.

Најавувате новина од овој аспект. За што станува збор?

Нешто што е новина е и поволност навистина. Стремежот на сите банки е кеш бек поволноста да  се однесува на кредитните картички, но ние воведовме нова поволност за дебитната картичка Американ Eкспрес. Тоа е поврат на средства од 1 отсто на сите продажни места, односно на цела територија на државата за сите трансакции со оваа дебитна картичка. Единствено во овој процент на кешбек не влегуваат трговците кои се во Твој бонус програмата. Ова е значителен бенефит за нашите клиенти, затоа што со сите трансакции добиваат 1 отсто поврат од платените пари.

На крајот би сакал да истакнам, дека од причини што се ближи крајот на годината, подготвуваме нова предновогодишна кампања со Американ Експрес картичките во соработка со одредени наши трговци и партнери, за што во текот на следните неколку денови навремено ќе ве информираме.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите