19 Јануари, 2025
0.0292

Спасовски: Недозволива е дискриминација на Роми на граничните премини

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на нивно барање, денеска одржа работен состанок со неколку невладини организации кои во претходниот период алармираа за проблемот со дискриминација на Ромите, односно нивно враќање од граничните премини без образложение, на излез од Република Македонија. 

Спасовски потенцираше дека било каква дискриминација е недозволива и дека ќе бидат преземени соодветни мерки за да се надмине овој проблем, кој е евидентен во последните неколку години. 

„Проблемот трае веќе подолг временски период, но кулминира во последно време бидејќи се соочуваме со водење на судски постапки односно поднесување на тужби за дискриминација пред надлежните судови во Република Македонија“, посочи министерот.

Тој додаде дека има 41 судски процес за дискриминација при излез од државата на припадници на ромската заедница, а веќе има и неколку правосилни судски пресуди кои претставуваат товар не само за МВР туку и за државата.

„Државата ќе мора да плати оштета за нарушување на угледот и честа, затоа што без никакво образложение не им се дозволил излез на припадници на ромската заедница. 

На денешниот состанок се договоривме дека треба да се достави едно укажување за начинот на постапување на граничните премини кое се однесува пред се на недискриминација, како полова така и расна, политичка, етничка, верска и др. се со цел ваквите појави да бидат минато во Република Македонија. Институциите не смеат да ги рушат честа и угледот на оние заради кои постојат, граѓаните. Укажувањето ќе биде во правец да се почитуваат Уставот и законите“, вели министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем