Спасовски објасни зошто не се кандидирал за претседател на СДСМ
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека било работа на проценка тоа што не се кандидираше за лидер на СДСМ.
Вели дека било добро да се даде простор на други лица и на нова енергија.
„Секогаш ќе има забелешки, никогаш нема да биде црно - бело, едноставно опозицијата ќе наоѓа забелешки. Тоа беа основните причини. Јас сум тука, давам и секогаш ќе давам поддршка на СДСМ“, рече Спасовски.
За тоа дали би бил кандидат за претседател на државата, вели дека сега не е моментот за тоа да се зборува, затоа што имаме енергетска криза и други предизвици.