09 Октомври, 2024
0.0282

Спасовски очекува закани и говор на омраза за Илинден

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашања рече дека се засилуваат заканите и говорот на омраза на социјалните мрежи пред прославата на националниот празник Илинден на 2 август и дека службите засилено работат ои ива прапање.

- Заканите и говорот на омраза се засилуваа пре потпишувањето на договорите за добрососедство со Бугарија и грција, пред спортските настани, пред посетата на Папата, сега пред решавање на статусот на Специјалното јавно обвинителство и пред прославувањето на националниот празник Илинден. Работиме на сузбивање на повиците на јавен линч и убиства и тоа ќе се засили во наредниот период, рече Спасовски.

Тој додаде дека до сега се поднесени 82 пријави за ширење на говор на омраза, но дека и обвинителсто и судот треба да си ја завршат својата работа.

- Со една соодветна казна сите други ќе бидат обесхрабрени да го прават тоа. Говорот на омраза што претходеше пред 27 април никој не го свати сериозно и станавме свесни откако ни се случи тоа. Повикувачите утредента се откажаа од сите што упаднаа во Собранието и ги нарекоа терористи, наведе Спасовски.

Додаде дека службите работат со ОБСЕ и со другите структури на државата за обука на препознавање на самото дело на говор на омраза.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл