Спасовски: Ситуацијата е стабилна зашто се познати кластерите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Ситуацијата е стабилна зашто се познати кластерите од кои произлезе повисокиот број новозаразени, а повиците за разрешување, или вклучување на нови членови во Комисијата за заразни болести го сметам за политиканство кое нема да донесе ништо добро, вели премиерот Оливер Спасовски.
„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ започна да бара разрешување, или вклучување на нови членови во Комисијата за заразни болести го сметам за политиканство кое нема никаква основа, ниту рационалност и нема да донесе ништо добро“, ја оцени оваа иницијатива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во интервју за ТВ 24.Премиерот Спасовски истакна дека Комисијата за заразни болести е составена од врвни професионалци, стручни луѓе кои ги согледуваат на научна основа сите состојби и предлагаат протоколи или други мерки, врз основа на кои Владата донесува политики во интерес на ефикасно справување со пандемијата од КОВИД-19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.