09 Октомври, 2024
0.0269

СПАСОВСКИ ВО КРУШЕВО: Полицијата презема мерки за прославата на Илинден да помине во најдобар ред

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Крушево ја посети полициската станица, а потоа имаше средба со градоначалникот Томе Христоски, со кого заедно присуствуваа и на седницата на Локалниот совет за превенција.

Безбедносната состојба на подрачјето на Крушево и воопшто на подрачјето на СВР Битола е добра и евидентно е дека имаме подобрени резултати, вели Спасовски. 

„Бев запознаен со активностите на општината со кои се одбележува 2 Август. Станува збор за бројни активности со кои се одбележува овој исклучително значаен државен празник. Празнувањето значи оддавање почит на историјата и влог во иднината на државата и граѓаните. И оваа година очекуваме голем број граѓани и во Крушево, но и на другите локации каде ќе се празнува и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите потребни мерки и активности за прославата на 2 август да помине мирно и достоинствено. Би ја искористил оваа прилика да ги поканам граѓаните да се приклучат кон прославата на Денот на Илинденското востание и со начинот на кој ќе прославиме, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина“, рече Спасовски.

На подрачјето на Крушево во првите шест месеци од 2019 година има намалување на прекршоците во делот на јавниот ред и мир и тоа за 33 отсто, а позитивна е состојбата и во другите области. Воопшто, на територијата на СВР Битола во првото полугодие од 2019 година продолжува трендот на намалување на бројот на извршени кривични дела и зголемување на ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела како и во претходната 2018 година, со уште подобри резултати.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл