15 Декември, 2025
0.0380

СПЕЦИЈАЛНИОТ СУД НА АЛБАНИЈА НЕ ГИ ПРОМЕНИ ОДЛУКИТЕ ЗА БАЛУКУ - отануваат безбедносните мерки за албанската вицепремиерка

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2025 20:14

Добивај вести на Viber

Судското тело на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, по повеќе од четири часа сослушување ја остави непроменета одлуката за албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белина Балуку и двајца директори на јавни претпријатија.

- По сослушувањето за злоупотреба на тендерите за тунелот „Логораса“ и „Големиот надвозник во Тирана“, судот одлучи да останат во сила двете безбедносни мерки за Балуку – „суспендирање на вршењето на должноста и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“.

Специјалното обвинителство ги истражува двата тендера вредни 210 милиони евра.

Во истото досие осомничени се и Ералд Елези, директор на албанската електро корпорација, КЕШ и Гентиан Ѓули, прв човек на државната Агенција за патишта, на кои им е одредена мерка „куќен притвор“.

Пред два дена судот одлучи да ја суспендира вицепремиерката Балуку од нејзините должности, тврдејќи дека таа, заедно со двајцата директори, може да уништи докази.

И при влегувањето и по излегувањето од судот, Балуку одби да даде изјава за медиумите.

Како што вчера најави премиерот Еди Рама, Владата испрати барање до Уставниот суд против одлуката за суспензија на вицепремиерката од функцијата. Тој одлуката ја нарече брутален чин на мешање во независноста на извршната власт и уникатен пример во светот.

Инаку компанијата на алабнската вицепремиерка беше една од компаниите кои соработуваат со фирмата на младиот Дрин Ахмети, „Тхор индустри“ кои заедно ја купија зградата „Соравија“ и беа поврзани со тендерот за изградба на паркинг на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството