Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ под истрага во Албанија
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2025 09:17
Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Забрането ѝ е да ја напушта и Албанија.
СПАК вчера ја обвини за местење тендери во кои како фирми се јавуваат и албанските компании „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“ кои изминативе две години беа дел од две одвоени афери и во Македонија, пишуваат медиумите во земјава.
Доцна синоќа СПАК официјално соопшти и детали од случајот, а заедничко за двата тендера е што добитниците биле однапред договорени, пишува ИРЛ, кои меѓу првите објавија.
Обвинетата Белинда Балуку, во соработка со членовите на Комисијата за евалуација на понуди, обвинетите Евиз Бербери, Гентиан Ѓули, Ералд Елези, Јетмира Дервиши и Мирзета Кашница, однапред го утврдиле добитникот на постапката за јавна набавка за тунелот Логара, создавајќи неправични предности и привилегии“, се наведува во соопштението на СПАК.
„Обвинетата Белинда Балуку, во соработка со членовите на Комисијата за евалуација на понуди, обвинетите Евиз Бербери, Гентиан Ѓули, Ералд Елези, Јетмира Дервиши и Мирзета Кашница, однапред го утврдиле добитникот на постапката за јавна набавка за тунелот Логара, создавајќи неправични предности и привилегии“, се наведува во соопштението на СПАК.
Исто било откриено и во постапката за изградба на надворешната сообраќајна обиколница број 4 околу Тирана.
„Балуку, во соработка со обвинетиот Евиз Бербери, членовите на Одделението за јавни набавки, лицата, членовите на Комисијата за евалуација на понуди., однапред го утврдиле добитникот на оваа постапка за јавна набавка“, се наведува во соопштението на СПАК.
Во албанскиот регистар за јавни набавки ИРЛ денеска провери кои фирми ги добиле тендерите и ги откривме имињата на „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“.
Компанијата „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ во 2021 година ја добила работата за пробивање на тунелот под планината Логара. Тој сега сообраќајно ги поврзува Валона и јужното јонско крајбрежје, но тендерот бил поништен, а од албанската фирма не се жалеле.
Бизнисите во Македонија на „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“
Партнер на внукот на Али Ахмети, Дрин е еден од сопствениците на „ПЕ-ВЛА-КУ“, Владимир Пјетерѓокај, чија фирма често добиваше атрактивни државни тендери за изградба на патишта во Албанија. „ПЕ-ВЛА-КУ“ беше една од двете компании кои заедно со фирмата „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети стана газда на ТЦ СОРАВИА во центарот на Скопје.
Пред две и пол години младиот внук на Али Ахмети и компанијата „ПЕ – ВЛА – КУ“ на Владимир Пјетерѓокај, кој е еден од двајцата нејзини сопственици, објаснуваа пред новинарите дека нема да дадат ниту евро од џеб за да се реализира трансакцијата за купување на бизнис центарот Соравија. Кредитот во нивно име го дала банката „Крединс“ од Албанија.
Во ноември 2024 година во времето на министерот за здравство Арбен Таравари, Министерството за здравство објави тендер за управување со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Идејата беше да се воведе јавно-приватно партнерство, каде приватна фирма ќе инвестира во инфраструктурата, а потоа ќе управува со паркингот.
Во март 2025 беше објавено дека на тендерот се пријавила единствено албанската фирма „Ѓока Констракшн“. Договорот предвидуваше концесија од 20 години, со изградба на две катни гаражи и управување со целиот паркинг простор.
Отсуството на конкуренција создаде сомнежи дека условите биле наместени за бизнисот да го добие „Ѓока Констракшн“. Државата требаше да добие само 1% од годишниот приход, додека приватникот би инкасирал милиони евра. Со проектот, цената за паркирање требаше да се зголеми од 30 на 50 денари на час.
Јавноста, медиумите и дел од политичките партии тогаш остро реагираа, а Владата на премиерот Христијан Мицкоски се откажа од потпишување на договорот. Откако договорот за јавно приватно партнерство не успеа, Арбен Таравари набаргу се повлече од владината коалиција и од позицијата министер за здравство.
Инаку, денеска албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши вицепремиерката Балуку, но ги критикуваше органите на СПАК дека со одлуката за нејзино суспендирање се вмешале во ингеренциите на извршната власт.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




