Добивај вести на Viber
Проблемот со работната сила кај младите е многу изразен. Минатите две децении, безперспективноста на оваа категорија граѓани растеше паралелно со партизацијата на Јавната администрација. Проблемот се заоструваше од година в година, така како што растеше вработеноста во администрацијата, која достигна според одредени проценки и до 150 илјади луѓе. Затоа, тешко можат да се сфатат барањата на министерот Спиро Ристовски, младите да покажат желба за работа, кога самата држава, целиот систем ги турка во администрацијата, на сигурно.
Јавната администрација и вработеноста на младите се нераскинливо врзани категории. Причината е позната, младите, и воопшто најголем дел од невработените својата иднина ја гледаат и бараат на државни јасли, а не во приватниот сектор. Експертите сметаат дека тоа е така затоа што македонската економија е слаба и не продуцира сигурност во реалната економија, за разлика од јавниот сектор, каде платите можеби не се високи, но засега се сигурни.
Во претпристапната економска програма 2012 - 2014 испратена до Европската комисија, Министерството ја известува комисијата за бројот на вработени во Македонија. Пишува дека во приватниот сектор работат 482 илјади лица, а во останатите сектори 165 илјади лица, што ќе рече дека една третина од вкупно вработените во земјата земаат плата од буџетот.
Податоците за бројот на вработените во јавната или државната администрација во Македонија варираа во изминатава деценија и се движеа од 128 илјади на почетокот од овој век до 115 илјади, како последна бројка што лани ја објави министерот Иво Ивановски.
Реформите во администрацијата никогаш не почнаа
Таканаречените реформи во администрацијата со години тапкаа во место, пред се од политички причини затоа што сите партии таму ги вдомуваа партиските кадри. Македонија изминатава деценија пропушти да создаде ефикасна администрација користејќи ги помалку болните методи на реформирање, како одење во пензија или одвојување на несуштинските делови, наспроти отпуштањата како политички неподобна категорија.
Одамна е јасно дека најголем број од оние што бараат работа сакаат да се вработат „на државно“. Сигурна работа, никој не те брка, плата стасува на 15 ти, не е висока, ама барем ја има, деградација е можна, ама зависно од политичката боја, луѓето се навикнаа да бидат менувани.
Една третина од анкетираните сакаат да работат државно
Она што дополнително загрижува е што истото го сакаат и младите, да работат во администрацијата. Истражувањето на „Реактор“ за вработеноста меѓу младите покажува дека, најмногу, една третина од нив би сакале да работат во јавниот сектор.
Според возраста најмногу сакаат да работат во јавната администрација младите кои се на возраст меѓу 25 и 29 години. Дури 36% од луѓето на оваа возраст би отишле на државни јасли. Најмладите испитаници во анкетата на Реактор, тие меѓу 16 и 19 години помалку размислуваат за работа во јавна администрација. Според образовната структура пак најмногу во администрацијата сакаат да работат луѓето кои имаат високо образование, дури 42, 7 %.
Сево ова говори за бесперспективноста на економијата, и за неверувањето во можноста да се основа сопствен бизнис, за несигурноста да се работи во приватна компанија.
Повикот на Министерот Ристовски
Вчера пак Министерот Спиро Ристовски ги повика младите да имаат желба и да се самоиницијативни за вработување.
„Невработеноста како проблем кај младите генерално е проблем не само во Македонија, туку и во Европската унија. Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места. Јас не велам дека секој треба да прифати да биде работно ангажиран на несоодветни работни места, но очекувам многу поголема активација, пред сѐ кај младите во борбата за добивање на што подобро и поквалитетно работно место, рече министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој говореше на јавната дебата посветена на начините како да се намали младинската невработеност.
Проблемот со работната сила кај младите е многу изразен. Минатите две децении, безперспективноста на оваа категорија граѓани растеше паралелно со партизацијата на Јавната администрација. Проблемот се заоструваше од година в година, така како што растеше вработеноста во администрацијата, која достигна според одредени проценки и до 150 илјади луѓе. Затоа, тешко можат да се сфатат барањата на министерот Спиро Ристовски, младите да покажат желба за работа, кога самата држава, целиот систем ги турка во администрацијата, на сигурно.
И.М.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.