29 Април, 2024
0.0240

Спој на две автентични приказни и традиции

Објавено во: Стил 12 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Галичките свадбари и посетителите на единствената културно-сценска манифестација од ваков вид на овие простори и оваа година ќе наздрават со СКОПСКО.

Покрај финансиската поддршка за организацијата на годинешната 40-та „Галичка свадба“, Пивара Скопје ги обезбеди неопходните количини СКОПСКО, коe со децении е неодвоив дел од оваа автентична традиција што се одржува во селото Галичник.

Дополнително, во рамки на подготовките за уникатната свадбарска традиција, оваа година Пивара Скопје им беше домаќин на невестата Александра Крстевска и зетот Васе Ѓорѓевски.

„Да се биде дел од традицијата и обичаите од најпознатата свадба во Македонија и пошироко е огромна чест. За СКОПСКО тоа е и голема гордост затоа што го покажува спојот на две автентични приказни вградени во богатата македонска традиција. Затоа беше сосема логично, годинешните галички младоженци лично да ги запознаеме и со приказната за создавањето на еден од најпознатите македонски брендови - СКОПСКО“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска - Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје.

По посетата на Пивара Скопје, специјалните гости се закитија со медали за „Амбасадори на пивото“, како уште еден детал од уникатното доживување кое тие долго ќе го паметат и раскажуваат.

„Знаеме дека убавината на Галичката свадба е токму во оригиналните обичаи низ кои треба да поминеме заедно со сватовите и останатите учесници, но сè до сега не бевме свесни дека создавањето на еден од најпознатите македонски брендови е процес во кој се вградени многу знаење, љубов и богата традиција. По сè она што видовме и слушнавме за СКОПСКО и пивото воопшто, горди сме што ќе бидеме негови амбасадори“, рече зетот Васе Ѓорѓевски, сумирајќи ги заедничките впечатоци од посетата на Пивара Скопје.

Се очекува и оваа година „Галичка свадба“, со сигурност да привлече илијадници посетители од земјава и странство, кои уште еднаш ќе бидат сведоци на оригиналните свадбени обреди проследени со традиционални народни носии, песни и ора, кои секоја година одново пленат со својата убавина и духовна вредност.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти