Спојувања и аквизиции, мотор на капитализмот
Објавено во: Анализа 05 Август, 2013 08:46
Горниот график ви покажува колкав бил бројот на спојувања и превземања во светот во првото полугодие. Како што гледате оваа прва половина од 2013 година значително е намалена активнста на ова поле. Таа е дури најмала во изминативе пет години. Во време кога компаниите кратат трошоци и седат на кеш, нивната одлука како и на многу други е да се почека како целава економска заврзлама ќе се расплетка. Тогаш ќе биде време за поактивно купување.
Од друга страна позитивно е дека тоа што се продава се продава по повисока цена. Иако по број намалени, спојувањата и аквизициите ја надминаа за малку минатогодишната бројка и за 2013 изнесувале 1,25 трилиони долари. Толку пари се потрошени на активности од таков тип.
И за крај уште еден доказ дека САД е центарот на овие активности во светот. Прегледајте го графикот кој го покажува бројот на аквизиции и спојувања само во САД:
Заклучок: Една четвртина од превземањата и спојувањата в светот се случуваат во САД. Ништо чудно со оглед на тоа дека оваа земја произведува 20% од светскиот БДП,
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





