19 Декември, 2025
0.0592

СПОРЕДБА: Прилепска Пиварница ја „прешиша“ Скопска Пивара по раст на приходи и профит!

Објавено во: Економија 25 Јули, 2016 08:15

Добивај вести на Viber

На македонските пиварници очигледно одлично им оди. Пиварниците во Скопје и во Прилеп лани имаат продажба од 80,5 милиони евра, а нивните приходи во споредба со 2014 година пораснале за 3,6 милиони евра. Двете најголеми македонски пиварници, Пивара Скопје и Прилепска пиварница заедно имаат приходи од продажба во износ што надминува 4,97 милијарди денари односно 80,5 милиони евра, што е за 3,5 милиони евра повеќе од реализацијата во 2014 година, покажуваат податоците од официјалните годишни биланси на двете компании што ги споредуваше „Фактор.мк“. Иако неколку пати помала по обем на производство и по приходи Прилепска пиварница лани во две најзначајни пазарни категории била подобра од поголемата „сестра“ Пивара Скопје. Споредбата на резултатите покажува дека Припелска пиварница има поголем раст на приходите од продажба во споредба со најголемиот конкурент, а и во категоријата раст на нето профитот прилепската компанија има подобар резултат од со години неприкосновената Пивара Скопје. Резултатите покажуваат дека Прилепска пиварница лани имала приходи од продажба во износ од  1,59 милијарди денари што претставува раст од 2 милиони евра односно 120 милиони денари во споредба со 2014 година.Во истиот период приходите на Пивара Скопје изнесуваат 3,38 милијарди денари и се повисоки за 100 милиони денари (над 1,6 милиони евра). Ова покажува дека Прилепска пиварница која е целосно фокусирана на домашниот – македонскиот пазар има посилни растечки резултати од најголемиот ривал. Зошто е тоа така засега нема објаснување, но веројатно ќе биде комбинација од агресивна и успешна експанзивна политика на Прилепска пиварница и од реконфигурација на пазарните позиции за афирмација и фокусирање на регионалниот пристап на Пивара Скопје. Фактите покажуваат дека и двете компании имаат раст на добивките. Кај Пивара Скопје растот е солиден и изнесува 50 милиони денари, добивката е 786 милиони денари односно 12,7 милиони евра. Стапката на раст изнесува 6,6 отсто. Кај Прилепска пиварница растот е на добивката е всушност експлозија. Нето профитот е 150,9 милиони денари и е поголем за 74,1 милиони денари односно за безмалку 100 отсто во однос на 2014 година. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар