06 Декември, 2025
0.0882

Спориот интернет заминува во историјата

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2014 16:35

Добивај вести на Viber

Дигиталната агенда на Европската комисија налага до 2020 година сите претплатници на Европската Унија да имаат пристап до интернет со брзина од над 30 Mb/s и 50% од претплатниците да имаат пристап до интернет со брзина од над 100 Mb/s. Во моментов во Македонија, според податоците доставени од операторите, во третиот квартал од 2013 година само 3,5% од корисниците имаат интернет пристап со брзина поголема од 30 Mb/s. Тоа е показател дека пред АЕК се поставени високи цели и дека претстои напорна работа за да се достигнат, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски на првиот јавен состанок на АЕК за годинава, „Предизвиците во годините што следат се однесуваат пред се на воспоставување на транспарентна регулатива што ќе донесе исплатливи инвестиции и конкурентност во изградбата на електронските комуникациски мрежи што на корисниците ќе им донесат супер-брз интернет. Од тие причини АЕК оваа година работи на имплементирање на последните препораки од Европската Комисија за транспарентност и недискриминација и нови методологии за регулација на брзи електронски комуникациски мрежи кои се базирани на оптички влакна“, вели Орданоски. Во насока на олеснување и намалување на трошоците за изградба на потребната инфраструктурна мрежа во Македонија се имплементира новата Европска регулатива која беше усвоена пред еден месец од страна на Европскиот парламент, а е во насока на намалување на трошоците за изградба на електронски комуникациски мрежи за пренос со големи брзини. Со тоа помеѓу останатите предвидени активности, АЕК ќе обезбеди  сите информации и документи за изградба или за приклучување кон веќе постоечка инфраструктура за пренос на податоци да бидат достапни на веб страницата на Агенцијата за електронски комуникации, организирани во единствена точка за информации. На тој начин, се што им е потребно на сите заинтересирани субјекти како што се: операторите, општините и Катастарот, ќе биде достапно на едно место до кое може да се пристапи преку интернет со што се остварува голема заштеда во време и ресурси. Покрај тоа ќе се овозможи сите оператори преку единствената информациска точка, во електронска форма, да поднесуваат барање за добивање на одобрение за градење за поставување на елементи за електронска комуникациска мрежа за обезбедување пренос со големи брзини. Со ова ќе се обезбеди барањето на операторот да биде проследено до соодветниот надлежен орган за издавање на одобрение за градење, како и да се овозможи следење на почитувањето на роковите за издавање на одобрението за градење од страна на надлежниот орган Агенцијата за електронски комуникации како дел од своето транспарентно работење, секоја година одржува два јавни состаноци со цел да им овозможи на сите засегнати страни да се запознаат со работата на Агенцијата, стратегијата, плановите и активностите што следат, како и да им даде можност преку учеството во дискусиите активно да  учествуваат во креирањето на идните чекори кои ги превзема АЕК за да обезбеди подостапни и поквалитетни услуги на пазарот на електронски комуникации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија