Спорот за имигрантите помеѓу Србија и Хрватска се претвори во трговска војна
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2015 14:40
Србија ги спореди наметнатите ограничувања од Хрватска на српско-хрватската граница со расистичките закони наметнати од нацистичката марионетска држава во Загреб во Втората светска војна.
Хрватска забрани возилата со српски регистарски да влегуваат во Србија, а српските граѓани беа исто така вратени од главните гранични премини.
„По својот дискриминативен карактер, овие ограничувања може да се споредат само со мерките преземени во минатото, за време на фашистичката Независна Хрватска“, изјавиле од српското МНР, и се упатиле кон прокламираната нацистичка држава во Хрватска во 1941 година.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, изјавил претходно дека забраната нема да се применува за граѓани со српски пасоши, туку само за српските возила. Остојиќ беше цитиран од хрватските медиуми дека ограничувањата ќе продолжат да се активни, додека Србија не пренасочи дел од имигрантскиот поток кон Унгарија.
Србија и Хрватска меѓусебно ги затворија своите граници за товарни и некои граѓански транспортни средства доцна во ноќта во средата наспроти четврток, додека Белград и Загреб ги разменија меѓусебните обвинувања поради приливот на имигранти.
Причината за започнувањето на „трговската војна“ беше затворањето на некои гранични премини од страна на Хрватска порано минатата недела поради големиот број бегалци, дојдовен на нејзината територија од Србија.
Српските власти гарантираа дека граѓани од Хрватска ќе можат да се движат непречено.
„Не се радуваме дека ги наметнуваме овие мерки, но треба да се заштитиме од националните интереси“, изјавил српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.
Во меѓувреме, српскиот премиер Александар Вучиќ во писмо до Брисел се пожали дека Хрватска ја нарушила Спогодбата за стабилизација и асоцијација потпишана помеѓу ЕУ и Белград за слободно движење на стоки, пренесоа „Balkan Insight“.
Во меѓувреме, високите претставници на ЕУ се обидуваат да ги убедат двете страни да ги отворат границите - Јоханес Хан повика проблемот да се реши на „човечки начин“ и предупреди дека сегашната ситуација ќе има негативен ефект врз економијата на регионот.
Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ ги смирил партнерите дека „треба да биде јасно, нема да има насилство и војна“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




