09 Октомври, 2024
0.0257

СПОРТСКАТА СТРАСТ НА ПЕЈАЧКАТА ЛЕА ТАЌИ: Велосипед, трчање и пливање во едно

Објавено во: Стил 09 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Триатлон е спорт кој се состои од: пливање, велосипедизам и трчање. Овие три спорта се прават одеднаш, еден по друг. Моите пријатели ме задеваат- како не ми е напорно постојано да се пресоблекувам Таќи-Леа, поранешна членка на „Ај Кју“, ќерка на легендарниот рокер Гранит Таќи од групата „Лева патика“. Она што е помалку познато за Леа е тоа што таа рекреативно, но многу посветено се занимава со три спорта, три во еден, триатлон.

„Триатлон е спорт кој се состои од: пливање, велосипедизам и трчање. Овие три спорта се прават одеднаш, еден по друг. Моите пријатели ме задеваат- како не ми е напорно се постојано да се пресоблекувам, од еден спорт на друг? Се разбира дека ми е огромен предизвик. Пливам и возам велосипед од рана возраст, но попрофесионално, прво започнав со трчање, се пријавив на неколку полу-маратони, и потоа ја открив љубовта кон триатлонот“, ни раскажа Леа за своето интересно хоби. Таа искрено раскажува дека посериозно спортски се активирала дури пред десет години, кога имала дваесет, и за Леа тоа е доказ дека за физичка активност никогаш не е доцна.