Спречен атентат врз премиерот на Косово
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2015 15:45
Полицијата на Косово спречила атентат врз премиерот Иса Мустафа, соопшти онлајн изданието на весникот „Коха Диторе“.
Утрово две лица се обиделе „да ја пресретнат и нападнат“ моторизираната придружба на премиерот. Тие сакале да фрлат метални предмети под тркалата на колоната од автомобили, за да бидат пукнати гумите и да биде запрена моторизираната придружба, во кој патувал премиерот. Полицијата сепак им попречила.
„Полицијата веднаш интервенираше и го спречи нападот на лицата кои избегаа. Тие оставиле завиткани во хартија пакети во кои имаше метални предмети за пукање на гумите, а исто мобилен телефон“, гласи пораката на Министерството за внатрешни работи.
Премиерската моторизирана придружба го продолжила својот пат без никакви тешкотии, а властите пристапиле кон потрагата по осомничените во обидот за атентат.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




