26 Мај, 2024
0.0282

„СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СОФИСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ВООПШТО ДА ГО УНАПРЕДИ ПРОЦЕСОТ НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ“: За Левица корупцијата е најголема пречка на европскиот пат

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Партијата „Левица“ со обвинувања за тоа кој го кочи европскиот пат на земјава.

„ Извештаите на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во интеграциониот процес, повеќе од десет години, како КЛУЧЕН ПРОБЛЕМ во државата ја оценуваат корупцијата.

Ова беше еден од клучните проблеми кои беа укажувани за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но Владата на октроираниот премиер Ковачевски овој проблем го издигна до совршенство! За ова потврдуваат и амандманите поднесени за Извештајот на Европската комисија.

Имено, корупцијата е проблем кој многукратно се споменува во поднесените амандмани, а дополнителено е оценето дека Владата нема политичка волја за надминување на овој проблем. Освен корупцијата, за која се напоменува нискиот ранг и на „Треанспаренси интернешенал“ каде Македонија е на срамното 85. место. Перењето пари, владеењето на правото, спроведувањето на демократијата како и основните права, се работи кои исто така се посочуваат како исклучително проблематични во амандманите.

И покрај ваквите забелешки, Владата продолжува да манипулира со граѓаните, дека уставните измени се главна пречка за продолжување на интеграциите!

Левица нагласува дека спроведувањето на Софиската Платформа нема воопшто да го унапреди процесот на зачленување во ЕУ. Напротив, наместо Владата да спроведува државни велепредавства и да очекува за истите да биде наградена од нивните нарачатели, потребно е сериозно да се вложи напор за расчистување со структурите кои се произведувач и главен промотор на корупцијата. Ова е можно само со пад на Владата на СДС и ДУИ!“ велат од партијата.



Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес