17 Декември, 2025
0.0677

СРБИЈА – АЛБАНИЈА: јадрото на балканските конфликти, Македонија во сендвич!

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2014 08:08

Добивај вести на Viber

Малото беспилатно летало кое завчера го виоереше знамето на Голема Албанија во сред Белград ги извади на виделина сите балкански националистички фрустрации. Ова е само потврда дека Балканот е сеуште буре барут кој лесно може да се распламти. И додека сеуште живеат идеите за Голема Србија или Голема Албанија кои патем добиваат на тежина изминатиов период (особено оние за Голема Албанија), се дотогаш и најмала провокација лесно може да го разниша кревкиот мир на Балканот, а камоли пак сериозна политичка провокација и тоа на место каде политиката е најмногу непотребна - спортот, фудбалот.      Србија и Албанија се доказ дека Балканот е сеуште рак рана за светот. И можеби тоа немаше да биде така, доколку на средина помеѓу овие две држави не стои Косово и косовското прашање. Едно е јасно, Србија и Албанија имаат многу отворени прашања, но тие несомнено мора да се решат со директни разговори. Белградскиот инцидент со албанска провокација за време на фудбалскиот натпревар е доказ дека во овој дел од Европа, национализмот сеуште беснее. Косово и натаму стои меѓу Албанија и Србија     Прашањето за Косово е дефинитивно клучната разлика во ставовите на двете земји. Албанската политичка елита, поради внатрешните односи, мора да води сметка какви ставови ќе заземе во однос на Косово, забележуваат аналитичарите, а слична е состојбата и во Србија. Проблемот во регионот не е само стабилноста, туку и меѓусебната соработка во надминувањето на кризата. Стабилноста може и да се подобри, но тоа не е единствениот проблем за регионот. Сите земји имаат проблем на економска стабилност, коментираат аналитичарите. Незивесна посетата на албанскиот премиер Еди Рама во Белград После инцидент во Белград неизвесна и посетата на албанскиот премиер Еди Рама во Белград. Сепак, албанската министерка за одбрана Мими Кодељи потврди дека премиерот на Албанија Еди Рама ќе ја посети Србија на 22 октомври, пренесуваат српските медиуми. Таа изјавила дека инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија - Албанија во Белград  нема да влијае на претстојната посета на Рама на Белград. „Одлуката да го посети Белград, после толку децении, е важен чекор за сите на Балканот, за сите нас кои сме соседи и кои можат да  помогнат едни на други на патот кон европските интеграции и НАТО. Тоа е од извонредна важност за сигурноста и иднината на нашите држави и граѓани“, изјавила Кодељи за медиумите. Српскиот премиер Александар Вучиќ додаде дека е во исчекување на извештајот на Европската комисија и дека никако нема да ја прифати оценката дека двете страни се поеднакво виновни, додавајќи дека Србија ќе успее да ги спречи абланските територијални претензии. „Што би рекле ЕУ и САД ако ние испратевме наши навивачи во Тирана со обележја на Голема Србија и четнички обележја. Па, тоа ќе беше скандал за цел свет“, изјави Вучиќ. Посетата на Рама сепак е доведена во прашање, не само поради инцидентот, туку уште повеќе и по веста дека Олси Рама, помалиот брат на албанскиот премиер кој наводно бил приведен на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија. Тој од Тирана демантираше секаква поврзаност со прекинот на натпреварот. Тој по инцидентот бил задржан на стадионот околу 40 минути, а потоа бил пуштен. „Немам ништо со леталото, не разбирам од каде дојде таа приказна“, изјави Рама по доаѓањето во Тирана. Како „шпекулации“ ги наведе информациите објавени во медиумите од Србија дека тој го организирал инцидентот и дека управувал со леталото. Последниот албански државник што го посетил Белград бил Енвер Хоџа во 1946 година Албанскиот премиер Еди Рама според најавите треба да го посети Белград на 22 октомври, што ќе биде прва посета на албански премиер на Србија по 68 години. Меѓу темите на посетата според информациите ќе бидат позицијата на албанското малцинство во Прешево на југот на Србија и признавањето на независноста на Косово, пренесува Асошиејтед прес. Премиерите на Србија и Албанија Александар Вучиќ и Еди Рама се сретнаа кон крајот на август во Берлин на конференцијата за Западен Балкан, на која присуствуваа лидерите на земјите од регионот. Вучиќ тогаш на новинарите во Берлин им кажал дека очекува средбата со шефот на албанската влада да биде разговор на одговорни луѓе за сериозни теми. „Ние ќе бидеме добри домаќини. Ќе разговараме за сериозни теми и мислам дека тоа е голема шанса за српските стопанственици. Тоа е прилика за извоз, бидејќи Албанија е идеален пазар за Србија“, изјавил Вучиќ. Последниот албански државник што го посетил Белград бил Енвер Хоџа во 1946 година. Внуката на Сали Бериша ги подржа Србите Внуката на поранешниот албански премиер Сали Бериша, Дасара Малтези, доби закани на социјалната мрежа Фејсбук откако објави статус во кој го коментираше инцидентот на натпреварот Србија - Албанија во Белград. Таа на својот фб профил напишала дека е горда на своите играчи, но со коментар дека ги прекршиле правилата на фудбалот. Заканите кои ги добила веднаш, практично ја натерале набргу да го избрише статусот. Односите помеѓу Србија и Албанија мит или вистина Српско - албанскиот конфликт се однесува на оружената борба помеѓу Србите и Албанците која се водела повеќе пати во текот на 20. век. Овој конфликт го има својот корен во сложената историја, која се однесува главно на територијата на Косово. Конфликтот е поврзан со повеќе пати етнички протерувања на двата народи од Косово. До 1912. од територијата на Косово и Метохија протерани се околу половина милион Срби. Во текот на Првата и Втората светска војна имало повеќе злосторства меѓусебно. Од 1961. до 1980 година според некои информации биле протерани над 100.000 Срби, а после 1999. се направило поостро етничко чистење на двата народи од Косово. Важно е да се истакне дека односите помеѓу овие две етнички заедници не биле секогаш непријателски, а во текот на историјата често бил присутно и формирање на српско-албанско пријателство. (извор: Википедиа) Многу митови во кои јавноста цврсто верува, а се засновани на чисти лаги Битката на Косово е најважната српска битка Митот за бтиката на Газиместан како клучен судир настанал дури после Големата преселба на србите на север во 17 век. Мит: Во најзначајната битка во својата историја Србите се поразени на Косово, а цар Лазар свесно се жртвувал за да се избори за царството небеско за Србите.  Вистина: наспроти легендите, текот и конечниот исход од битката на Косово не се познати. Во битката освен војници од двете страна, умреле и двајцата владетели кнезор Лазар и султанот Мурат. Сепак, новиот султан Бајазит после битката се повлекол од српската земја за да ја зацврсти својата власт во Мала Азија, наследниците на кнез Лазар ја признале врховната власт на султанот, на кого уште неко време отпор му пружал Вук Бранкович, кој ја преживеал битката. (http://www.kurir-info.rs/zabava/pop-kultura/mitovi-u-koje-verujemo-7-velikih-zabluda-srpske-istorije-clanak-1481005) Ако мечката игра кај комшијата, може да дојде и кај нас? Македонија е во сендвич помеѓу Србија и Албанија        Македонија во никој случај не смее да остане рамнодушна на овие случувања и под итно мора да превземе мерки за неутрализирање на лудилото, особено што веднаш после инцидентот во Белград, албанците од Македонија во повеќе градови (Тетово, Скопје и Струга) славеа. А што? Натпреварот помеѓу Србија и Албанија беше прекинат. Се славеше ли виорењето на знамето на Голема Албанија. Македонија е во сендвич помеѓу Србија и Албанија, а попат и Косово. Во земјава речиси и да нема натпревар на македонски и албански тим кој не завршил без полициска интервенција, масовни тепачки помеѓу млади македонци и албанци, демолирање на градски автобуси, автобуски постројки. Државниот врв мора будно да ги следи случувањата во регионот, кај соседите, уште повеќе идејата за Голема Албанија е сеповеќе присутна и во земјава на секој поголем масовен собир на албанците во Македонија. И.М.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни