Србија е куќа со две врати,една за Европа и една за Русија
Објавено во: Балкан, Економија 28 Октомври, 2012 14:42
Николиќ ја промовира Србија во мека за инвестиции
Србија повеќе од јасно е дека ќе биде куќа со две врати - една на исток и една на запад. Николиќ е уверен дека ЕУ без Србија е незамислива, тврди ние можеме да бидеме врска помеѓу ЕУ и Русија. Путин се очекува да го посети Белград во декември, кога би присуствувал во почетокот на работите на делницата од гасоводот „Јужен тек“ во Србија, чија должина е над 400 километри. Со таквиот чин, официјална Москва ќе ги зајакне своите позиции на Балканот, А дали Русија ќе склучува нови стратешки партнерства со земјите од регионот, останува да се види.
Нашиот северен сосед е во преговори барем со десет кинески инвеститори, кои сакаат да градат огромни инвестиции, како Ѓердап 3, термоелектраната „Никола Тесла“, а тука е и старата идеја за која треба да се разговара со Македонија, но и со Грција. „Да свртиме еден дел од Дунав, преку Морава и Вардар до Егејското море и да направиме за две илјади и двесте километри покус пат за стоката која се транспортира од Кина до Германија и обратно, но би било добро и за наводнувањето на нашите три држави. Тоа е проект кој постои 70 години, но никој не се осудуваше да влезе. Ние ќе се осудиме ако успееме да се собереме сите три држави на тој проект, а тоа би било можност Македонија и Грција да седнат на иста маса. Во трите држави се живее тешко и ни се потребни инвестиции“ изјави српскиот претседател Томислав Николиќ, отворајќи една нова порта за Македонија. Засега, само како порта за иднината, а што правиме во реалноста?
Ќе ја отвори ли Македонија руската порта?
Се добива впечаток дека Македонија повторно ќе остане слепо црево на Балканот. Нашата земја е единствената од поранешните СФРЈ држави кои сеуште го немаат затворено прашањето со клириншкиот долг. Македонските власти изминативе дваесет години, досега неколкупати најавуваа дека ќе го затворат ова прашање, но никако да го решат. Идејата, која веќе неколку години циркулира во јавноста е со гасификација на Македонија да се затвори клириншкиот долг на Руската Федерација, во вредност од 60 милиони долари. Но, барем засега и покрај првичниот оптимизам по средбите на премиерот Никола Груевски со Владимир Путин, претседателот на Руската федерација и средбите со челниците на Газпром, нема ништо од сето тоа.
Разочарувачки е податокот дури и за трговската размена со Руската федерација. Еве што покажуваат последните статистички податоци, за периодот јануари - август. Вкупната размена изнесува 237 милиони американски долари. Сме извезле стоки од 18,2 милиони долари, а сме увезле 218, 7 милиони американски долари.
Русија е значаен играч во Европа, тешко дека без нејзинот присуство може да се решаваат клучни економско-политички проблеми. Ќе умее ли Македонија да ја искористи руската моќ?
Москва знае оти наш партнер се САД, а тоа пак формално може да претставува пречка за потпишување на било каков стратешки договор со Русија, уште повеќе, знаејќи ги намерите на Американците кои инсистираат на спречување на ширењето на руското влијание на Балканот. Во такви услови, логична изгледа одлуката на Путин, на Балканот, тежиштето на својата моќ и политика да го концентрира максимално во Белград, особено по победата на контроверзниот Николиќ. Тој се покажа како силен играч за врска меѓу западот и истокот, создавајќи база за иднината на Србија. Дали тоа ќе знае да го искористи, ќе зависи и од тоа колку ќе расчисти со балканските навики и менталитет. Овде, во Македонија, таа работа тешко одеше!
Мишко Иванов,
новинар во 24 вести
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





