05 Декември, 2025
0.5970

Србија е поскапа од Берлин

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2013 18:50

Добивај вести на Viber

Првото намаление на цените на гардеробата во Србија  овој период потфрли во продавниците со познати марки, додека фармери во германски аутлет се три пати поевтини, пишува Новости. Иако се ближи крајот на сезонските намалувања, во многу продавници рафтовите се сеуште полни. Потрошувачите ни оваа година не видоа голема разлика меѓу распродажбата и реалната цена. Додека во српските бутици намалението најчесто е до 30 одсто, во Европа гардеробата сега се нуди по цена пониска барем за 70 одсто. Во Србија и општо на Балканот тешко може да се пронајде вистинска распродажба по примерот како во Европа, каде маица може да се купи од 5 до најмногу 15 евра, фармерки и сукни за 10 до 20, а сако и фустани до 30 евра. Последните денови од распродажбата во Европа ги снижуваат цените за три четири  евра од артикал. Кога ќе се споредат цените од атулетот разликата е уште поголема, посебно кога станува збор за квалитетна гардероба. Во Србија брендираната облека е пет пати поскапа за разлика во земјите од Западна Европа. -Фармерки од позната светска марка околу нова година чинеа околу 19.000 динари, изјавила за Новости Ивана, млада белграѓанка. Таа додава дека сега истите фармерки со попуст чинат 16. 000 динари што е многу мала разлика. Трговците цените не ги спуштаат ни кога робата не можат да ја продадат. Ја чекаат следната сезона па повторно ја нудат на пазарот. -Конкуренцијата е слаба кај нас, па продавниците можат да манипулираат со продажбата и лажната распродажба, изјавил граѓанин на Белгард. -Да постојат големи ланци на продавници тие би ги снижувале цените, купувачите би оделе кај нив и тогаш трговците ќе бидат принудени да ги пратат, изјавила револтирана граѓанка за Новости. Сепак покрај граѓаните се жалат и трговците кои велат дека прометот е многу слаб и тие се принудени да ја продаваат својата стока поевтино и од цената за која е купена, се со цел да се ослободат од залихите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии