19 Декември, 2025
0.0411

СРБИЈА Е ПРВА ЗЕМЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ШТО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ВАКЦИНА: Во мај почнува производството на Спутник V во Институтот за вирусологија „Торлак“

Објавено во: Балкан 25 Март, 2021 12:45

Добивај вести на Viber

Рускиот фонд за директни инвестиции и Институтот за вирусологија „Торлак“ денеска објавија дека постигнале договор за производство на вакцината „Спутник V“ против коронвирус, што може да започне до мај во погоните во Србија.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Југоисточна Европа што ќе произведува вакцина „Спутник“, која подоцна може да се извезува во други земји во регионот, се вели во соопштението објавено на веб-страницата „Спутник ве“.

Директорот на РДИФ, Кирил Димитријев изрази благодарност до Владата на Србија за постојаната поддршка и доверба во руската вакцина.

- Србија е меѓу првите земји во светот што ја одобри и ја искористи оваа вакцина за да го заштити населението од коронавирусот. Производството на руската вакцина во Торлак ќе овозможи полесна логистика и ќе помогне во забрзување на програмата за вакцинација во земјата - рече Димитријев.

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и РДИФ за поддршката во зачувувањето на здравјето и животот на српските граѓани.

Поповиќ рече дека производството на вакцината „Спутник V“ во Институтот „Торлак“ ќе ги зајакне капацитетите на Србија во борбата против пандемијата и ќе отвори нови перспективи за дистрибуција на оваа вакцина во регионот на Југоисточна Европа.

- Трансферот на технологии за производство на вакцината од Русија во Србија ќе придонесе за обновување на суверенитетот на нашата земја во областа на производство на вакцини, што ќе биде важен ресурс за секоја земја во иднина - рече Поповиќ.

Првиот контингент на вакцината „Спутник“ пристигна во Србија на 30 декември, а вакцинирањето со таа вакцина започна на 6 јануари.

„Спутник“ досега е регистриран во 56 земји во светот. Вакцината е ефикасна 91,6 проценти, покажуваат податоците објавени во списанието „Лансет“.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен