СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 26 Февруари, 2021
Србија ги заостри мерките.
Кафулињата и рестораните, како и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот, одлучил денес Кризниот штаб. Зимските центри на Копаоник ќе функционираат како и досега, а во 14 часот ќе се затворат само угостителските објекти. Во бензинските пумпи ќе може да се купува и послужува до 14 часот, а потоа ќе може само да се точи гориво. Во последните 24 часа има 3.339 позитивни, а починале 16 пациенти. Коронавирусот во Србија однесе 4.141 живот. Вакцинацијата тече со четири вакцини, а досега се вакцинирани повеќе од 1 милион и 393 илјади, а двете дози ги примија 506.949 луѓе.Во Србија деновиве растат бројките на заразени со коронавирусот. И соседна Албанија воведе рестрикции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.