05 Декември, 2025
0.0701

СРБИЈА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ: Бројот на заразени од Ковид-19 надмина 115

Објавено во: Балкан 20 Март, 2020 08:30

Добивај вести на Viber

Од денес во 8 часот ќе бидат затворени сите гранични премини за патниците, најави претседателот на Србија Александар Вучиќ, што значи дека премините ќе бидат затворени за влез на патниците во патниот, железничкиот и речниот сообраќај.

Тој синоќа најави дека никој освен транспортните камиони нема да може да влезе во Србија.

Изјавувајќи дека 71.180 граѓани влегле во Србија уште од вонредната состојба и дека ова предизвикало голем проблем заради состојбата со коронарниот вирус, Вучиќ рече дека најголем број дошле од Германија, Италија, Франција и Австрија, околу 95 проценти.

Тој рече дека во Србија дошле многу дисциплинирани и добри луѓе, од кои многумина бирале да останат во Србија, затоа што нивната земја им обезбедувала гостопримство, за разлика од државите каде што беа, што не ги обезбедувала ни основните мерки.

„Секако, постојат исклучоци“, додаде тој, истакнувајќи дека имаат современи технички средства за да ги следат движењата на мобилните телефони на нивните граѓани во роаминг, особено италијанските.

Тоа, заклучи тој, не значи дека државата ги прислушува нивните телефони, туку само ќе следи дали се движат.

Имено, во Србија, до 8 часот утринава, регистрирани се 118 потврдени случаи на вирус корона.

Од последниот извештај до 8 часот наутро, тестирани се примероци од 39 лица, од кои 15 се позитивни и 24 негативни . 

Значи, од 15 потврдени случаи од последниот извештај, пет се хоспитализирани, но без компликации, во добра општа состојба, додека околу десет имаат полесна клиничка слика и се дома.

До ова утро, вкупно 545 лица биле тестирани во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак, која ги исполни критериумите за дефинирање на случајот, пренесуваат српските медиуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии