Србија го набавува лекот против ковид кој го користеше Трамп
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Февруари, 2021
Србија го набавува лекот кој го спаси екс претседателот на САД, Доналд Трамп од Ковид-19.
Тој ќе стигне во Србија до мај и од него се очекува да спаси животи на најризичните пациенти, пишуваат белградските медиуми. Се работи за лекот што го произведува компанијата „Ели лили“ под името бамланивимаб. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порано потврди дека американскиот медикамент против коронавирус во Србија треба да стигне во април или мај, и дека земјата за околу 2.000 дози ќе потроши дури 40 милиони динари. Во последните 24 часа 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени. Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.