05 Декември, 2025
0.2336

Србија го усвои буџетот за 2013

Објавено во: Балкан 01 Декември, 2012 10:51

Добивај вести на Viber

Српскиот парламент го  усвои буџетот за наредната година, кој предвидува дефицит од 121.9 милијарди динари. За буџетот гласаа 138 пратеници во полза на владејачкото мнозинство, 69 пратеници од опозицијата гласаа против, додека тројца пратеници не гласаа. Според усвоениот буџет, економската и фискалната политика во 2013 година во Србија ќе се фокусира на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст и забавување на падот на вработеноста, намалување на фискалниот дефицит и забавување на растот на јавниот долг и структурни реформи. Се проценува дека стапката на раст на реалниот бруто домашен производ во Србија во 2013 година ќе изнесува два отсто, на 5,5 отсто стапка на инфлација. Скромен економски раст во 2013 година се очекува врз основа на обновување на активности во повеќето сектори на економијата и подобрување на економиите на земјите кои се најголеми трговски партнери на Србија. Фискална консолидација како целина во 2013 година врз основа на даночната реформа, ограничен раст на платите во јавниот сектор и пензиите заштеди преку спроведување на реформите, како и зголемување на ефикасноста на јавниот сектор. Благодарение на мерките на фискалната консолидација, државниот буџетски  дефицит во следната година треба да биде 3,3 отсто од бруто домашниот производ, и консолидираниот дефицит, кој ги вклучува буџетите на провинции, локалните власти и задолжително социјално осигурување 3,6 проценти од БДП, или 132 , 3 милијарди долари. Крајниот рок за донесувањето на буџетот е  на 15 Декември, а оваа година за прв пат по долго време најважниот финансиски закон усвоен на време.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени