18 Декември, 2025
0.0412

Србија и Албанија ќе градат автопат вреден 1 милијарда евра

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2015 19:13

Добивај вести на Viber

Во следните 15 дена српскиот и албанскиот премиер Александар Вучиќ и Еди Рама ќе потпишат договор меѓу двете држави за изградба на нов автопат.

Ова го соопштил српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ.

Автопатот ќе поминува низ Ниш-Мердаре-Приштина-Тирана-Драч.

Михајловиќ соопштила дека двајцата премиери преговарале за автопатот за време на дводневната посета на Вучиќ во Албанија. Според неа, „станува збор за исклучително важен проект, бидејќи го поврзува целиот регион“.

„Станува збор за интегритетот на регионот и политичката стабилност, без кои не може да се зборува за економската стабилност. Овој автопат е важен, бидејќи го поврзува целиот регион. За нас е исто така важно, бидејќи на тој начин излегуваме на Море во албанските пристаништа“, истакнала Михајловиќ и појаснила дека во моментов се изработува проект, кој ќе биде претставен во Виена во месец август.

Во текот на 6 месеци српски и албански експерти работеа на проектот. Тие изработиле дури и пасоши за проектот.

„Како транзитна земја ние сме должни да го поврземе целиот регион“, изјавил вицепремиерот и министер за инфраструктура Зорана Михајловиќ за државната телевизија „РТС“.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии