СРБИЈА И ХРВАТСКА СЕ ТЕПААТ: Македонија брои загуби!
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2015 08:23
Застој во превозот нема само кон земјите од Европската унија, туку и оттаму кон Македонија. Превозниците предупредуваат дека вавиот застој може да доведе до недостиг на одредени производи и суровини кои треба да се донесат во земјава.[/caption]
Од владата велат дека ЦЕФТА и сите релевантни институции во Брисел се исконтактирани и запознаени со проблемот на македонските камионџии, кои неколку дена се заглавени на српско-хрватската граница. Министерот за економија Христијан Делев вчера вечерта изјави дека членките на ЦЕФТА разговарале за итен состанок во Молдавија, како земја претседавач, доколку до вторник не биде тргната забраната. Тој посочи дека македонското МНР упатило нота и писмо до Хрватска во врска со блокирањето на македонски камиони на границата со Хрватска.
- Сите институции во Брисел се исконтактирани, исконтактирана е и ЦЕФТА и чекаме на хрватската страна овие санкции да ги тргнат, доколку не го направат тоа до вторник ќе биде закажан состанок на ЦЕФТА каде што ќе бидат преземани и други соодветни мерки. Ние реагиравме, укажавме на хрватските власти дека ова е надвор од сите меѓународни договори за проток на луѓе и стоки. Покрај контактот со институциите во Брисел и со ЦЕФТА ги контактиравме и нашите колеги во Србија, Косово, Албанија и Турција, кои се засегнати со овој проблем, изјави Делев.
Препорака до превозниците да не возат?!
Македонските амбасади во Србија и Хрватска испратиле препорака до македонските превозници во следните неколку дена додека не се отворат границите да не возат.
Од Групацијата на транспортни услуги и шедиција при Сојузот на стопански комори велат дека добиле информации дека превозниците се насочуваат кон алтернативни премини, то пак значи дополнителни километри за возење и трошоци.
-Последните информации се дека се снаоѓаат со пренасочување кон алтернативни соседни граници, каде и покрај подолгите колони се поминува. Сепак, тоа се дополнителни километри за возење и дополнителни дозволи за транспорт кои ќе паднат на товар на компаниите. Токму затоа од голем интерес е што поскоро решевање на овој проблем враќање на состојбите во нормала, бидејќи со секој изминат ден штетите се зголемуваат, вели Марија Мустрик, од односи со јавност при Сојуз на стопански комори на Македонија .
Ќе има ли недостиг на производи во Македонија?
Застој во превозот нема само кон земјите од Европската унија, туку и оттаму кон Македонија. Превозниците предупредуваат дека вавиот застој може да доведе до недостиг на одредени производи и суровини кои треба да се донесат во земјава.
-Извозниците и превозниците трпат огромни штети оти сите овие производи некој ги чека и остануваат без реализација а не се работи за мали количини. Проблемот е што застој има и од другата страна камиони кои носат производи и репорматеријали за Македонија, Албанија, Бугарија. Се надевам дека трговските партнери ќе имаат разбирање оти ова не се лсучува затоа што некој партнер не ја исполнил својата работа туку бил принуден да не ја исполни, но не ја исклучувам моожноста да се случу и тоа.Може да се случи да има недостиг на македонскиот пазар од некои производи и репорматеријали оти блокадата не е само кон ЕУ туку и од спротивен правец. Дури и алтернативните премини кои се кон БиХ и тие се затворени, вели Муратовска.
Состојбата на граничниот премин на двете земји се влоши откако Хрватска ги затвори границите кон Србија, поради ѕидот изграден од Унгарија, мигрантите од Србија кон европските земји се пренасочија преку Хрватска. Потоа Србија одговори со забрана за премин на границата на хрватски камиони и камиони што превезуваат хрватска стока.
Ј.С
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




