Добивај вести на Viber
Во последните години поради длабоката економска и финансиска криза со која се соочуваат, земјите од Балканот се повеќе се задолжуваат за да можат да одржат некаква економска стабилност. Многу проценки покажуваат дека целиот регион уште сега се наога во големо должничко ропство, пишува Index.hr.
Според достапните податоци, Србија е најзадолжената земја во регионот гледано според јавниот долг во однос на вкупниот бруто домашен производ, а веднаш зад неа следи Хрватска.
Управата за јавен долг на Србија соопшти дека јавниот долг на Србија во јули месец годинава е зголемен за 173,5 милиони евра и изнесува вкупно 19,08 милијарди евра, што е 57,7 отсто од БДП. Секој жител на Србија на крајот на 2011та беше должен на банките по 818 евра или 2,2 просечни плати а во септември минатата година тој долг пораснал на 1,225 евра по разни основи што е 3,5 просечни плати.
Јавниот долг на Хрватска на крајот на март годинава изнесувал 181,6 милијарди куни или 24,2 милијарди евра и достигнал 53,6 отсто од БДП. Аналитичарите на хрватската народна банка и напоменуваат дека надворешниот и внатрешниот долг на државата во првите три месеци од 2013та пораснал за 4,2 милијарди куни. Се очекува дека до крајот на годината би можел да достигне околу 199 милијарди куни , односно 26,5 милијарди евра, што е речиси 60 проценти од БДП, пишува index.hr.
По Србија и Хрватска, според задолженоста на земјите во регионот следи Црна Гора. Од друга страна најмал јавен долг на Балканот, во однос на нивниот БДП имаат БиХ и Македонија.
Според податоците на министерството за финансии и трезорот на БиХ, јавниот долг до 31 декември минатата година изнесувал околи 10,4 милијарди КМ, односно 5,3 милијарди евра од кои надворешен долг од 7,1 милијарди или 68,15 отсто, а внатрешен околу 3,3 милијарди КМ или 31,85 отсто. Во вкупен износ јавниот долг на БиХ партиципира со 57,74 отсто.
Јавниот долг на Македонија во јуни годинава достигнал 2,72 милијарди евра или 34,1 отсто од БДП, од кои надворешен долг кој изнесува 1,66 милијарди, а домашен 1,05 милијарди евра. Така, секој граганин на Македонија во моментов должи по 750 евра, пишува index.hr.