27 Јули, 2024
0.0515

Србија и Косово постигнаа договор во Брисел

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Косовската „Српска листа“ утрово соопшти дека постигнат е договор во Брисел помеѓу Србија и Косово со кој табличките на КМ остануваат во употреба, дека никој нема да ги одземе, ниту пак ќе се изречат казни за српските граѓани кои поседуваат возила со таблички на КМ.

„Сакаме да ги информираме граѓаните дека сите сопственици на возила со КМ таблички ќе можат нормално да функционираат и кога ќе им истече постоечката регистрација ќе можат да ја продолжат важноста на нивната КМ регистрација како досега. Затоа, сите сопственици на возила со КМ табличките ќе можат непречено да ги користат и продолжуваат регистрацијата за возилата со КМ таблички.Остануваат постоечките таблички и ќе може да се продолжуваат, а нови засега нема да се издаваат. Потсетуваме дека нашиот став беше да не се конфискува имотот на граѓаните, да не се изрекуваат казни, ниту да се оневозможи нивната слобода на движење. .

Договорот меѓу Белград и Приштина значи дека нема казнена политика на Албин Курти кон Србите кои возат автомобили со таблички КМ, изјави Петар Петковиќ, директорот на српската канцеларија на Косово.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија вели дека со овој договор се зачувани мирот и стабилноста.

„Со овој договор утре од 20 часот нема казни од 150 евра, нема казнена политика во сите останати фази кои беа дел од одлуката на Албин Курти во врска со процесот на пререгистрација.

Курти вечерва прифати се што одби сите претходни денови. Успеавме да го зачуваме мирот и стабилноста. Му велам на српскиот народ да спие, ги спасивме нашите српски КМ таблички“, рече Петковиќ.


Можеби ќе ве интересира

СТИГНА ПРВАТА ДОЛГОРОЧНА ПРОГНОЗА ЗА ЕСЕНТА 2024 - еве што нѐ чека после најтоплото лето во последните 100 години

СТИГНА ПРВАТА ДОЛГОРОЧНА ПРОГНОЗА ЗА ЕСЕНТА 2024 - еве што нѐ чека после најтоплото лето во последните 100 години

„ИМ БОДЕ ОЧИ“ – ПЛАТАТА НА ПЛЕНКОВИЌ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО ЕУ: Еве колку зема сега откако вчера си ја покачи за 70 отсто

„ИМ БОДЕ ОЧИ“ – ПЛАТАТА НА ПЛЕНКОВИЌ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО ЕУ: Еве колку зема сега откако вчера си ја покачи за 70 отсто

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

ЗАВРШИ ДРАМАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: „Оливер“ успешно вплови иако доцнеше со часови (ВИДЕО)

ЗАВРШИ ДРАМАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: „Оливер“ успешно вплови иако доцнеше со часови (ВИДЕО)

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

Американската банка Меркур ја вклучи Хрватска во „забранетите земји“, заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран

Американската банка Меркур ја вклучи Хрватска во „забранетите земји“, заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран

ХОРОР НА ЈАДРАНОТ, КАКО ЗАБАВА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДРАМА: Пропелер ѝ ја откинал ногата на жена, итно префрлена во болница

ХОРОР НА ЈАДРАНОТ, КАКО ЗАБАВА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДРАМА: Пропелер ѝ ја откинал ногата на жена, итно префрлена во болница

СИТЕ НЕДВИЖНОСТИ НА ТИТО: Една му била особено драга, еве што се случува со неговиот имот сега

СИТЕ НЕДВИЖНОСТИ НА ТИТО: Една му била особено драга, еве што се случува со неговиот имот сега

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“