20 Декември, 2025
0.0477

Србија и Косово се договорија за четири клучни области

Објавено во: Балкан 26 Август, 2015 10:30

Добивај вести на Viber

"Извонреден напредок" во дијалогот меѓу Србија и Косово за нормализирање на односите по војната (1998-1999 година) и едностраното прогласување независност на Косово (2008 година) објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерикa Могерини по средбата меѓу премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа во Брисел. Двете страни се согласиле за голем број спорни точки во меѓусебните односи. Европската комисија не објави детали за условите за кои Белград и Приштина се договориле во енергетиката, телекомуникациите и овластувањата на српските општини во Косово. Косовскиот и српскиот премиер постигнале начелна согласност за основните елементи на т.н. Асоцијација-Заедница на општините со српско етничко малцинство во Косово. Постигнат е исто Акционен план за телекомите што ќе го олесни создавањето на сопствен телефонски систем во Косово и посебен телефонски код. Третиот аранжман е поврзан со правото на премин преку мостот над реката Ибар во Митровица. Тоа беше еден од поводите за тензии меѓу етничките Срби и Албанци во градот. Во кратко писмена изјава европскиот прв дипломат Федерика Могерини го нарекува резултатот од преговорите "пресвртна точка". Взаемно прифатливиот компромис според Могерини го "симболизира духот на преговорите, на кои таа посредува." "Денешните одлуки носат конкретни бенефиции за луѓето, а во исто време им овозможува на двете страни да се чекор понапред кон европскиот пат", додава уште високиот претставник на ЕУ за надворешна политика. Практичната соработка со Приштина е услов за Србија да отвори прва поглавје за членство, иако таа сеуште го смета Косово за своја легитимна територија, а не за суверена соседна држава.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација