05 Декември, 2025
0.0370

Србија ја нарача студијата, Македонија и Грција заинтересирани за пловен Вардар?

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2013 19:27

Добивај вести на Viber

Членовите на Ротари клубовите од Србија и Македонија ја поддржуваат изградбата на пловниот канал Дунав-Вардар-Егејско Море. На тридневната меѓународна конференција на Ротари клубовите, околу 60 претставници ќе потпишат Декларација за поддршка на изградбата на пловниот канал, јави Б92. Претставниците на Ротари клубовите за Танјуг изјавиле тоа ќе придонесе не само во економскиот развој на Србија, Македонија и Грција, туку и за подобра прекуграничната соработка на Балканот. Координаторот на Сојузот на Ротари клубови од Македонија, Раде Христовски потсетува дека идејата е стара еден век и сега е вистинското време за да се реализира. „Идејата е стара и во неколку наврати се прераскажува во Ротари клубовите во Македонија. Верувам дека сега е време Ротаријанците сериозно да го покренат ова прашање и Владата на Република Македонија да се вклучи за да се почне со реализација. Секако дека мора да се води сметка за сите работи, но прво ќе зборуваме јавноста треба да дознае за она штоќе се добие со градење на каналот ", истакнува Христовски за Танјуг. Според планот презентиран за време на конференцијата, пловниот канал само преку Србија ќе биде долг 345 километри, низ Македонија уште 274 километри и 40 километри во Грција. На пловниот пат долг околу 650 километри ќе има 58 клучки и пет бродски лифтови. Според претходно објавените неофицијални пресметки, каналот ќе биде изграден за 10 години, а ќе чини речиси 12 милијарди евра и ќе го градат околу 30.000 работници. Советник во Министерството за природни ресурси, рударство и просторно планирање Милан Пунишиќ потврди дека веќе и конкретно се работи на подготовка на потребната документација , потсетувајќи дека веќе со реномираниот кинески Иститут се прави физибилити студија за исплатливоста и можностите за реализација. „Можам да кажам дека и Македонија и Грција се заинтересирани за оваа работа ", рече Пунишиќ, пишува Б92.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите