20 Декември, 2025
0.0497

Србија ја продава „Црвена Ѕвезда“

Објавено во: Балкан 16 Септември, 2013 12:48

Добивај вести на Viber

За 60 милиони евра Владата на Србија ќе го продаде фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“  на арапската фамилија Бин Зајед од Обединетите Арапски Емирати, пренесуваат белградските медиуми. Владеачката фамилија од Абу Даби би требала, преку својата компанија „Al Dahra“, да стане сопственик на црвено белиот тим од „Маракана“. Државата од таа сума би издвоила 40 милиони евра за враќање на сите долгови, додека 20 милиони би биле употребени за развој на спортот во Србија, пишува весникот „Новости“. Според прелиминарните договори, купувачот се обврзал годишно да вложува по 15 милиони евра во клубот. Од друга страна, фудбалскиот клуб „Партизан“ исто така треба да биде продаден, но српската Влада сеуште нема купувачи за него. „Имаме ситуација во која не се знае кој управува со клубовите и важно е само да се праша државата зошто не дава доволно пари? Зошто да даде кога може да заработи? Мислам дека на „Ѕвезда“ и на „Партизан“ може да се заработи само ако донесеме некој кој од тоа ќе направи бизнис. Се прашувате зошто не е можно тоа сега? Затоа што сите мислат дека тука треба веднаш многу да се заработи“, рече неодамна потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација