СРБИЈА ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ: Руските разузнавачи открија на кој начин тоа се реализира
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2025 16:44
Руското разузнавање тврди дека српска муниција се составува во Чешка и Бугарија и се испраќа во Украина.
Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) денеска издаде ново соопштение во кое тврди дека муниција произведена во одбранбени компании на Србија, главно за тешки системи со голем дострел, се испраќа во земји на НАТО во форма на делови, а дека склопувањето и опремувањето на муницијата се одвива првенствено во Чешка и Бугарија, пренесоа српските медиуми.
„Тоа му овозможува на Киев подоцна формално да прима, како што се наведува, повеќе не српско воено производство, туку оружје склопено во фабриките за оружје на западните земји. Во исто време, производителите во Србија се добро запознати со вистинските корисници на нивното производство и фактот дека нивните ракети и гранати ќе убиваат руски војници и жители на руските населби“, се вели во новото соопштение на руската служба СВР.
Како што се тврди во соопштението, неодамна фабриката „Крушик“ од Ваљево продала на чешката компанија „Поличске стројирни“ неколку големи серии комплети за склопување ракети од 122 милиметри за ВБР „Град“.
„Одбранбената компанија „Елинг“ од Лозница и испратила на бугарската компанија „ЕМКО“ комплети за производство на истите ракети, како и мини од 120 милиметри“, наведува СВР.
Службата додава дека, според информациите што ги има, украинската армија изразува голема благодарност до српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во одржувањето на борбената способност на вооружените сили на Украина. Според руската служба, во Киев истакнуваат дека, и покрај зголемениот притисок врз Белград од Москва, српските компании од воената индустрија „ја зголемуваат испораката на оружје во зоната на конфликтот“ и наведуваат дека тоа во голема мера станало можно „благодарение на употребата на посреднички шеми за испорака“.
На крајот на мај оваа година, СВР ја обвини Србија дека продолжува да ја снабдува Украина со муниција, наведувајќи дека целта на тие испораки била „да се убијат и осакатат руски војници и цивили“. Во остра изјава насловена како „Србија се обидува да пука во Русија во грб“, која ја објави на својата веб-страница, руската служба наведува дека лажните сертификати за крајни корисници се користат како покритие за антируски активности. и посреднички земји, односно да продаваат муниција на Киев за време на војната во Украина. Соопштението е објавено во денот кога српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата веќе не извезува ништо од муниција.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година, а Србија е една од ретките земји кои не воведоа санкци за Русија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




