СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2025 19:31
Како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ, Србија би сакала да обнови еден или два града или, пак, помал регион во Украина.
Toj на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса изјави дека со тоа да им обезбеди поддршка на граѓаните на таа држава.
„Би сакал да ја добијам вашата поддршка, претседателе Зеленски, за да избереме еден или два града или помал регион што можеме да го обновиме и мислам дека тоа би било нешто многу видливо за народот на Украина ако добијат јасна поддршка“, рече Вучиќ во своето обраќање на првата сесија на Самитот.
Тој додаде дека Азербејџан веќе направил нешто слично во Украина и дека тоа би било многу важно кога станува збор за хуманитарна помош и сите други прашања кои, како што истакна, вклучуваат политичка поддршка за територијалниот интегритет на Украина.
„Она што можам да го кажам во име на мојата земја е дека Србија ќе продолжи цврсто да се придржува до Повелбата на ООН и меѓународното јавно право, што вклучува заштита на територијалниот интегритет на земјите признати од ОН како најважен принцип. Ние секогаш сме се залагале за ова и, како што реков, ќе бидеме цврсти во таа позиција и мислам дека на некој начин тоа може да биде корисно и за Украина. Подготвени сме да ве слушаме и да ве чуеме и да видиме како можеме да ви пружиме помош и поддршка. Ви благодарам уште еднаш што нè примивте и се надевам дека барем ќе можеме да придонесеме нешто за украинскиот народ без никакви големи слогани или нешто слично. Мислам дека вашиот народ навистина го заслужува тоа“, рече Вучиќ.
Србија е една од ретките земји кои не воведоа санкции за Русија поради инвазијата на Украина, но од руска страна имаше и тврдење дека тие продаваат оружје на Украина. Русија и Украина повеќе од три години се во војна.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





