20 Декември, 2025
0.0463

Србија кажа да за „Парада на гордоста“

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2013 10:58

Добивај вести на Viber

Зелено светло доби одржувањето на „Парада на гордоста“ во Белград од страна  на српскиот премиер Ивица Дачиќ и првиот вицепремиер Александар Вучиќ , објави весникот „Блиц“.

Позитивната одлука за одржувањето на парадата дошла откако полицијата во Србија по извршената анализа ја проценила безбедноста состјба  како „благо позитивна“.

Еден од најважните индикатори дека Белград се подготвува за парадата е обезбедувањеот на западните амбасади за настанот, што вклучува и план за доаѓање и план за извлекување на демонстрантите, наведува српскиот весник.

Според најавите парадата треба да почне во сабота во десет часот по локално време во белградскиот парк „Манеж“, по што учесниците ќе направат круг низ улиците на градот и ќе се вратат во паркот. Полицијата ќе ги проверува посетителите, поради што секој учесник ќе мора да носи лична карта или пасош со кој ќе се идентификува.

Учесниците на геј парадата треба да носат што е можно помалку предмети, да не се облекуваат во светли бои, да не носат знамиња и транспаренти на движењето, бидејќи ќе им бидат одземени од полицијата на влезот на паркот „Манеж“.

Синдикатот на српската полиција побара од државното раководство да ги заштити сите полицајци што утре ќе ја обезбедуваат парадата и сите учесници на оваа манифестација.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација