05 Декември, 2025
0.1160

Србија користи само три отсто од лековитите води

Објавено во: Балкан 25 Март, 2013 11:48

Добивај вести на Viber

Србија е меѓу ретките земји во светот кои на мал простор имаат голем број на извори на термоминерални води, но користи само три отсто од изворите, покрај концентрацијата на други лековити природни фактори, а истовремено е единствена и по нискиот процент на нивната искористеност, тврди истакнатиот балнеолог проф. др. Томислав Јовановиќ.

- Степенот на искористеноста на термоминералните извори од било кој аспект, не само во смисла на директен ефект на здравјето и лековитоста, се движи од 3 до 5 отсто, што е на ниво на статистичка грешка - изјави Јовановиќ за Танјуг.

Коментирајќи го податокот дека Републичкиот фонд за здравствено осигурување во текот на минатата година на продолжена рехабилитација во бањи испратил 46.000 осигуреници, тој рече дека бројот сигурно бил значително поголем.

- Бањите се места за заштеда на здравствениот динар и развиените земји се однесуваат во согласност со тоа - рече Јовановиќ и потсети дека Германија на пример, на годишните собири на Здруженијата на бањите обавезно присуствува и канцеларот.

Тој додаде дека Германија во државна сопственост има 800.000 кревети во бањите и климатски лекувалишта, па ако се спореди Србија со тоа, како десет пати помала земја, треба да има 8.000 кревети, што значи барем 2.000 повеќе од сега.

- Сегашниот скромен број на гости во нашите бањи може најмалку три пати да се зголеми за само една година, со истите пари кои и сега се трошат, а притоа здравствениот фонд да оствари значајна заштеда - проценува Јовановиќ.

Истакнувајќи дека услов за тоа ангажирање на експертите кои би добиле задача да направат програма за подобро користење на капацитетите, тој потсети дека заштедите за Фондот можат да бидат и директни и индиректни, од намалување на количината на лекови кои ги користат осигурениците до скусување на боледувањата.

- Многу поевтино е да се биде здрав и да се инвестира во чување на здравјето, отколку да се биде болен и да се вложува во лечење кое е скапо и за жал се помалку делотворно. Затоа во бањите во светот расте бројот на гостите, а лековитиот фактор се повеќе се користи во анти-ејџинг медицината, нова гранка која се бави со чување на здравјето, квалитетот на животот и продолжување на животниот век - рече Јовановиќ.

Во Србија бањите пред се, се користат за продолжена рехабилитација која според податоците на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, обезбедува на болните или повредени за над 200 индикации во шест подрачја - невролошки, ревматски и ендокринолошки болести, болести на срце и крвните садови, респираторниот систем, повреди и заболувања на локомоторниот систем.

Јовановиќ истакна дена Србија мора да направи државен план за да го искористи националното богатство во природен лековит фактор и како да го заштити и зачува да трае и за идните генерации.

- Во ангажирањето на компетентни луѓе зад кои ќе застане државата, можеме да станеме светска сила во балнеологија - рече тој и потсети дека имаме 300 регистрирани извори од кои секоја секунда истекуваат 1.500 литри термоминерална лековита вода. Од тоа се користат само 3 отсто, а остатокот оди во реките.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии