17 Декември, 2025
0.0583

СРБИЈА: Кратењето на платите не е довоно, ќе мора да се зголемат и даноците?!

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2014 13:12

Добивај вести на Viber

Претседателот на Фискалниот совет на Србија Павле Петровиќ оценува дека предложеното намалување на платите за администрацијата и на пензиите во земјава не е доволно и оти ќе мора да се зголеми данокот на додадена вредност. „Вучиќ и самиот потврдува дека проценките на Фискалниот совет се точни, но дека при носење на одлуката за намалување на платите и пензиите, пред очи ги имал луѓето кои живеат од тие примања. Ние сме скептични. Ако предлозите останат вакви, ќе мора да се зголемува и ДДВ-то“, вели Петровиќ. Фискалниот совет претходно предлагаше линеарно намалување на платите и пензиите за 15%. Вучиќ, пак, во сетот мерки што ги обелодени синоќа, сака да ги исклучи од скратувањето оние кои земаат најниски плати и пензии, пониски од 25.000 динари (околу 210 евра). Кај останатите предлага прогресивно зголемување на стапката за кратење на приходите. Освен ова, српскиот премиер планира и силна борба против сивата економија, отпуштање на вишокот вработени во јавната администрација, намалување на субвенциите за државните претпријатија и за земјоделството, како и јакнење на приватниот сектор. На овој начин Србија има намера да заштеди околу 700 милиони евра годишно, од кои најголема ставка ќе биде токму скратувањето на платите и пензиите.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни