26 Април, 2025
0.0339

СРБИЈА НЕ ГИ ПУШТА ДА ПОМИНАТ - Македонци од Италија не можат да си дојдат дома

Објавено во: Македонија 11 Март, 2020 15:16

Добивај вести на Viber

Неколку Македонци што живеат во Италија не можат да се вратат во својата земја.

Согласно вчера донесените мерки на српската Влада за забрана за влез на странски државјани кои доаѓаат од жариштата на вирусот Ковид-19, од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска денеска се вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, новите мерки не се применуваат само во патничкиот, туку и во товарниот сообраќај, поради што од граничните премини се вратени и неколку камиони.

Српските гранични служби ја имаат потребната заштитна опрема – ракавици, маски и средства за дезинфекција, а по потреба користат и заштитни костими.

Српските државјани кои доаѓаат од Италија подлежат на сите мерки на заштита, како и другите патници. По контрола на санитарната инспекција, досега немало потреба да се преземат дополнителни мерки за надзор.

Од вчера, во Србија привремено се укинати летовите од земјите кои се жаришта на вирусот, меѓу кои се Италија и Швајцарија. Кога станува збор за аеродромите, странските државјани кои доаѓаат од државите каде што коронавирусот е жариште, не можат да ја поминат граничната контрола, каков што беше случајот вчера, кога од нишкиот аеродром беа вратени сите странски државјани кои пристигнаа во Србија од италијанскиот град Бергамо, додека српските граѓани беа упатени во домашна самоизолација.

Можеби ќе ве интересира

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците

Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба