17 Декември, 2025
0.0344

Србија не сака да избира меѓу ЕУ и Русија

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2014 11:56

Добивај вести на Viber

Членството на Србија во Европската унија на ниту еден начин нема да ги ослабне или да ги прекине врските со Русија, увери српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Белград. Дачиќ притоа запрашал „зошто Србија би морала да избира или-или“, истакнувајќи дека Србија не сака и никогаш нема да биде против Русија. Сепак, тој нагласил дека неговата земја сака да биде членка на ЕУ, што е национален и државен интерес. „Но, да ја нема поддршката на Русија и на некои други земји, а пред се на Русија и Кина, како постојани членки во Советот за безбедност на ОН, Србија денеска би била во загубена ситуација кога станува збор за Косово“, рече Дачиќ. Според Лавров, Русија ги почитува преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ, но за неа се неприфаливи линиите на поделби кои се создаваат во Европа. Шефот на руската дипломатија изјави дека изградбата на гасоводот Јужен тек ќе оди по планот и оти се надева дека прекинот е само привремен. Лавров е во дводневна посета на Белград, во рамките на која ќе се сретне и со премиерот Александар Вучиќ и со претседателот Томислав Николиќ.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии